Пет работи што би ви ги кажала вашата мачка доколку би знаела да зборува
Нашите миленици не знаат да зборуваат, но пренесуваат порака со телото и со нивните звуци.
Нашите миленици не знаат да зборуваат, но пренесуваат порака со телото и со нивните звуци. Погледнете што треба да знаете за да им го пружите на вашите мачки она што им е потребно.
1. Ако преди, тоа не значи дека е среќна
Предењето може да означува задоволство, но исто така може да значи дека вашата мачка има болки, нервозна е или само сака да ве измами за да ја нахраните. Кејт Морган, професор по ветерина на еден универзитет вели дека предењето може да се спореди со човечкото смеење. Ние се смееме најмногу кога сме среќни, но исто така и кога нѝ е непријатно или сакаме нешто да добиеме.
2. Подобро им е внатре
Мачките се животни создадени да живеат надвор, но со припитомувањето, тие навикнуваат да живеат внатре, каде што се чувствуваат побезбедни. Доколку немате услови, создадете им безбедна околина некаде надвор каде што тие би се чувствувале сигурно.
3. Потребно им е повеќе месо
Мачките се месојадни животни, за разлика од кучињата кои се сештојади. Тоа значи дека мачките мора да имаат месо во својот оброк. Ним им треба повеќе протеини и значајно помалку јаглени хидрати за разлика од сештојадите.ѓ
4. Сакаат свој простор во станот/куќата
Во дивината, мачките се животни кои сакаат самотија, но со домашните миленичиња е малку поинаку. Во домот секоја мачка си пронаоѓа своја омилена позиција, без разлика дали е тоа до прозорот или на креветот.
5. Сакаат, но и мораат да гребат
Мачките сигурно немаат желба да го уништуваат вашиот мебел, туку само го прават она што мораат. Ним им е потребно нешто по што ќе можат да гребат. Тоа го прават од повеќе разлози: Отстранување на мртвите клетки од канџите, одбележување на територијата оставајќи визуелен знак и мирис, но и да го истегнат своето тело. Мачките гребат и кога се возбудени, на пример кога ќе се вратите од работа и слично.