Наши ѕвезди

Пукна тиквата помеѓу Спасен и ВМРО-ДПМНЕ?! Ова ги запрепасти сите, еве што им порача пејачот

Не сакале ни телефон да му кренат?!

Advertisement

Предизвика бура од реакции на Фејсбук…

Нашиот познат фолк-пејач Спасен Сиљаноски се огласи на социјалните мрежи со една по малку необична објава.

Advertisement

Имено, тој напиша неколку реченици упатени до власта, односно до сите оние во редовите на ВМРО-ДПМНЕ што моментално се на високи функции, во кои го изрази својот револт што како што самиот напиша „не заслуживме да бидеме дел од 35 години ВМРО“.

Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

И како што самиот вели, не сака ништо, освен „едно макар лицемерно внимание и благодарам“ за сите оние што изминативе години дале многу за партијата, но очигледно не биле поканети на прославата.

Advertisement

Не сакаме ништо, сакаме само едно макар лицемерно внимание и благодарам. Немој да го уништите ПАТРИОТИЗМОТ во нас, вели Спасен во своето обраќање, а потоа го додаде и следново:

Патриот е оној кој е подготвен да жртвува се па дури и самиот себе за татковината, а не оној кој едвај чека да се дочепа на власт за да се ухлеба на државна функција… Честита 35 годишнина на ВМРО ДПМНЕ иако со задоцнување..“ напиша Спасен на својот Фејсбук.

Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Тој исто така појасни дека не сакал јавно да го изрази својот револт, но откако пробал да се јави кај неколкумина за кои сметал дека треба да го слушнат неговото мислење, и кои НЕ му кренале телефон, решил вака јавно да се огласи, за да му олесни, бидејќи, како што самиот вели во своето обраќање, „најтешко е ко ќе ти го ‘збибери’ твојот“.

Целото обраќање на Спасен погледнете го во продолжение како и бројните коментари пто следуваа по ова негово јавно обраќање.

Принтскрин/ Фејсбук, Спасен Сиљаноски

Принтскрин/ Фејсбук, Спасен Сиљаноски

Принтскрин/ Фејсбук, Спасен Сиљаноски

Принтскрин/ Фејсбук, Спасен Сиљаноски

Принтскрин/ Фејсбук, Спасен Сиљаноски

Принтскрин/ Фејсбук, Спасен Сиљаноски

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button