CelebrityНовости

Пукање во близина на домот на Мирослав Илиќ, пејачот итно се огласи – „Што се случува, не сакам да…“

Advertisement

Во попладневните часови денес, 30 септември, во еден угостителски објект во населбата Вишничка бања во Белград избувна жестока тепачка која прерасна во вооружен инцидент. При престрелката беа повредени шест лица – тројца мажи и две жени, кои со прострелни рани беа итно пренесени во Ургентниот центар.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, непознато лице употребило огнено оружје околу 14.23 часот, при што со прострелни рани беа погодени В. Д. (51), М. Љ. (42) и А. О. (59). Останатите двајца повредени, Н. Н. (33) и Л. Д. (29), исто така добиле повреди во пределот на нозете.

Advertisement

Инцидентот се случил на нешто повеќе од 300 метри од домот на познатиот пејач на народна музика, Мирослав Илиќ. Тој за медиумите изјави дека не чул ништо и дека неговата улица е мирна.

„Сочувај Боже што се случува. Живеам во мирен крај и не сакам ниту да гледам вести ниту да знам повеќе за тоа“, изјави Илиќ за „Телеграф“.

Форензичарите сè уште собираат докази на местото на настанот, а полицијата спроведува интензивна истрага. На сила е и акцијата „Вихор 3“, во рамките на која се работи на расветлување на сите околности од случајот.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
New Ad
Back to top button