Десерт кој не дебелее? Звучи по малку утописки нели? Но, постои идеален десерт за оние кои се обидуваат да ослабат и од својата прехрана да го исфрлат благото.
Авокадото, одлична намирница која нутриционистите многу често ја споменуваат како основа за здраво мени поради големото ниво на добри монозаситени киселини кои помагаат во намалувањето на лошиот холестерол, покрај тоа што може да се користи во сланите јадења може и во благи варијанти. Ако некогаш сте ка пробале оваа намирница, ќе знаете дека нема некој претерано изразен вкус, и повеќе е неутрална, но токму пак затоа е одлична основа за вкусен кремест пудинг од чоколадо.
Потребни ви се (за 4 порции)
2 зрели авокада
1 мала шолја незасладен какао прав
2 чајни лажички екстракт од ванила
4 лажички сируп од јавор или мед
1 лажичка млеко од бадеми (или обично)
Состојките ставете ги во блендер, почнете со помала брзина која постепено ќе ја зголемувате. Кога смесата ќе стане креместа, додадете уште млеко по потреба, пробајте и зголемете ја дозата на мед доколку сакате поблаго. Ставете во сад за разладување. Послужете со зрнести плодови или со свежо овошје.