Интервју
COVER STORY

Публиката треба да се подготви за колоритни слики и рокенрол – Давор Кешќец со изложба во „Бифе Тафталиџе“

На 26 јуни (четврток) во „Бифе Тафталиџе“ со почеток во 20 часот, Давор Кешќец ќе ја отвори својата самостојна изложба „Месечина на љубовта“. Пред изложбата разговараме со младиот, но исклучително талентиран и посебен уметник.

Advertisement

Во време кога уметноста сè почесто се повлекува во институционални и затворени простори, постојат автори кои не се плашат да ја изнесат на улица – во живиот пулс на градот. Еден од нив е Давор Кешќец, млад, но веќе афирмиран ликовен уметник и графичар, кој зад себе има неколку самостојни изложби, бројни мурали и графити низ Скопје, но и јавни признанија, како наградата „Најдобар млад уметник“.

фото-приватна архива

Со стил инспириран од кубизмот, поп артот и германскиот експресионизам, Кешќец создава дела кои пулсираат со боја, енергија и урбана сензибилност. Неговата најнова изложба „Месечина на љубовта“, која ќе се отвори на 26 јуни во „Бифе Тафталиџе“, е уште еден доказ за неговата храброст да експериментира и да комуницира директно со публиката, надвор од класичните галерии.

Advertisement

Во разговорот што следува, со Давор зборуваме за урбаноста на Скопје, за улогата на уметноста денес, за предизвиците на младите автори и за тоа како изгледа уметник кој вели – „јас сум уметноста“.

фото-приватна архива

На што да се подготви публиката овој четврток во „Бифе Тафталиџе“? Каква енергија носи оваа изложба и што за тебе значи просторот надвор од традиционалните галерии?

– Публиката треба да се подготви за колоритни слики и рокенрол музика. Јас мислам дека оваа изложба носи доста позитивна енегрија поради самиот колорит на делата. Просторот за изложување надвор ог галериите значи поблиска релација со публиката.

Advertisement

Твоето творештво често се движи помеѓу урбаниот пејзаж и интимните, лични теми. Како ги поврзуваш тие два света – градот како колективна сцена и внатрешниот свет како тивка приказна?

– Ми се свиѓа тој контраст, меѓу другото во моите лични теми се пронаоѓаат и другите. И таа е таа конекција на уметноста со гледачот.

Колку навистина сме урбани, како публика и како жители на Скопје? Каде ја гледаш вистинската урбаност во нашиот град и како уметноста може да ѝ даде нов живот?

– Урбаноста на жителите се гледа во самиот град, градот е слика на жителите и жителите се слика на градот. За жал Скопје не го гледам како многу урбан град, иако во него има урбани фаци. Уметноста може да придонесе за урбаноста на градот, но тоа е само една ставка.

фото-приватна архива

Дали младите уметници во Македонија добиваат доволна поддршка – медиумска, институционална или барем просторна? Кои се твоите најголеми извори на охрабрување?

– Мислам дека не добиваат доволна медиумска, институционална, а најмалку финансиска поддршка. Еве, на пример, мојата изложба која се отвори на 22.05. 2025 во МКЦ немаше голема медиумска покриеност, медиумите сами треба да покажат интерес за пренесување на културни настани и поддржување на уметниците и уметничката сцена.

Можеби е потребна поголема соработка меѓу институциите и медиумите. Најголем извор на охрабрување ми е публиката, нивните реакции и нивната поврзаност со делата. Медиумите треба да соработуваат со институциите.

фото-приватна архива

Во време кога визуелното никогаш не било поважно, која е денешната одговорност на еден уметник во општеството?

– Тоа зависи од самиот уметник колку е општествено ангажиран. Може да се каже дека општествената одговорност на уметникот е да го претставува времето во кое живее, но не секогаш мора да е така.

фото-приватна архива

Како уметноста те промени тебе и каква промена сакаш да предизвикаш во општеството преку твојата уметност?

– Уметноста ме нема променето мене, јас сум уметноста. Исто како за и урбаноста, уметноста е само една алатка за помена, но потребно е многу повеќе од само уметност за промени.

фото-приватна архива

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button