Кафе муабет

Психолог разговара со починатиот син од „другата страна“ – тврди дека животот по смртта е реалност

„Животот и смртта се само два дела на исто патување. И, ако нешто научив од Џордан, тоа е дека љубовта не може да се уништи, туку таа само ја менува формата“.

Advertisement

Џордан Мекеј имал само 23 години кога трагично му бил прекинат животот. Млад дипломец на Универзитетот во Калифорнија, блескав економист со талент и страст за уметност, токму започнувал да ги прави првите големи чекори во светот на анимацијата, работејќи на голем филмски проект.

Живеел во Сан Франциско со својата девојка и имал јасна визија за иднината – да го искористи своето образование и креативност за борба против еколошката неправда во сиромашните земји.

Advertisement

Ноќта на 17 септември 2008 година сè се променило. Враќајќи се доцна од работа со велосипед, станал жртва на вооружен грабеж. Напаѓачот го застрелал, а повредениот Џордан, во паника и со последни сили, тропал на вратите на непознати луѓе, молејќи за помош. Никој не отворил. Починал сам, на студениот тротоар. Неговиот убиец до ден-денес не е пронајден.

За Метју Мекеј, неговиот татко, угледен клинички психолог и човек кој целиот свој живот се потпирал на науката и рационалноста, оваа загуба била повеќе од шок. Била незамислив удар врз умот и срцето, нешто за што ниту долгогодишната стручност во психотерапија, ниту личната сила не можеле да го подготват.

Средба со „другата страна“

Неколку месеци подоцна, неговиот пат го однел во Чикаго, каде се сретнал со психологот Алан Боткин, човек познат по развивањето на контроверзна техника наречена индуцирана комуникација со починати (IADC).

Advertisement

Таму, тврди Метју, се случило нешто што засекогаш ќе го промени неговиот поглед на животот и смртта: го слушнал гласот на својот син.

„На почеток – тишина. Паниката растеше, мислев дека сум дојден тука само за тишината. Дека мојот прекрасен син е недостапен, дека никогаш повеќе нема да го чујам,“ пишува тој во својата книга. „А потоа дојде гласот: ‘Тато… Тато… Тато… Кажи ѝ на мама дека сум тука. Не плачете… Добро сум, со вас сум. Ве сакам.’“

За Метју, тоа бил неоспорлив доказ дека свеста продолжува да постои и по смртта. Го препознал тонот, ритамот, па дури и емоционалното присуство на својот син.

„Тоа не беше фантазија. Не го измислив. Тој беше таму.“

принтскрин јутјуб

Од психолог во истражувач на загробниот живот

Овој момент целосно го променил неговиот животен пат. Наредните 16 години Метју се посветил на потрагата по одговори за постоењето на живот по смртта. Резултат е книгата „Наоѓање на саканите на другата страна“, дело во кое детално ја опишува својата трансформација, од безнадежна тага до она што го нарекува „апсолутен доказ“ за животот по смртта.

Инспирацијата за структурата на книгата, тврди, ја добил директно од Џордан во петминутен разговор преку кој синот му „диктирал“ како треба да изгледа делото.

„Татковството не завршува со смртта. Мојот син и понатаму ме води и ме поддржува,“ вели Метју.

Како психолог со речиси пет децении искуство, Метју имал развиено многу терапии и водел клиники за ментално здравје, но по трагедијата, неговата работа добила нова димензија – спој на науката и духовноста. Психологот Ралф Мецнер го вовел во техниката „канализирано пишување“ – медитативна практика во која умот влегува во состојба на приемчивост, овозможувајќи му да добие одговори кои, тврди тој, доаѓаат од неговиот син.

„Не го барам свесно одговорот. Зборовите сами доаѓаат, јасни се и конкретни. Често ме изненадуваат, особено кога зборува за нешта за кои јас никогаш не сум знаел,“ објаснува тој.

Секојдневна врска со починатиот син

Со текот на времето, комуникацијата станала секојдневие. Метју вели дека Џордан дури му помага и во терапијата со клиенти, предупредувајќи го кога е на раб да изговори нешто непромислено. Неколку негови клиенти, пак, тврделе дека го сонувале Џордан и во сон добиле зборови на охрабрување.

Најдлабоката лекција што ја добил од синот, како што сведочи, е разбирањето на природата на реинкарнацијата, идејата дека душите се развиваат и напредуваат преку многу животи, носејќи со себе љубов и искуства од минатите постоења.

За Метју Мекеј, ова повеќе не е прашање на вера, туку на лично искуство. Тој го гледа својот син не како отсутен, туку како постојано присутен – во мислите, во делата, па дури и во секојдневните професионални предизвици.

„Животот и смртта се само два дела на исто патување. И, ако нешто научив од Џордан, тоа е дека љубовта не може да се уништи, туку таа само ја менува формата,“ заклучува тој.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button