Според „Холивуд репортер“ американската кабелска ТВ мрежа „А & Е“ наскоро ќе започне со снимање на серија направена според филмот „Психо“, филм кој што преставува класика на мајсторот на филмското платно, Алфред Хичкок, од 1960 година.
Серијата ќе се вика Bates Motel, според името на мотелот во трилерот на Хичкок, а во неа детално ќе се разработи животот на Норман Бејтс, односот со неговата мајка и неговото постепено преминување во сериски убиец.
„Bates Motel“ треба да започне да се прикажува некаде на почетокот во 2013 година и таа би требало да биде своевиден микс од серите „Твин Пикс“ и „Смалвил“. Инаку, оваа американска ТВ мрежа, неодамна го започна снимањето и на серијата „Ханибал“, која што е инспирирана од култниот филм „Кога јагнињата ќе стивнат“ на Џонатан Дем од 1991 година.
{youtube}NG3-GlvKPcg{/youtube}
Види ја нашата нова WELCOME страница на Facebook.
Врати се на првата страна.