Реклама
Интервју

Првородениот во НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА: Би ги избришал сите договори, злодела кои се направени против Македонија, а би ги повторил сите победи

Тој дошол на овој свет само 3 минути по полноќ на 9 септември 1991 година и официјално е заведен како првиот Македонец во независна Македонија!

Реклама

Нему, покрај „Happy brtthday to you“ секоја година на роденденот   му ја пејат и „Денес над Македонија“, бидејќи е првото дете родено во суверена, самостојна и независна Република Македнија.

Тој дошол на овој свет само 3 минути по полноќ на 9 септември 1991 година и официјално е заведен како првиот Македонец во независна Македонија!

Маркетинг

Христијан Проданов, веќе добро познат на јавноста , не само по  роденденот, туку и како пејач кој се појавува на фестивалите. Впроче, Проданов оваа година анстапи на Охрид фест-Охридски трубадури и се закити со награда.

Маркетинг

Изминатиов викенд се случи 30-тото издание на Ohrid Fest Ohridski Trubaduri, а се случи и тоа да добијам награда за НАЈДОБАР ДЕБИТАНТ на фестивалот која премногу ми значи 💪
Слушнете и оценете, мислам дека е заслужено 🙂, напиша тој на Фејсбук.

Проданов јавноста го знае и по тоа што е најинтерсниот, највчепатливиот и најоригинален натпреварувач на трките кои се организираат. Секогаш се појавува облечен во костим на херој.

Неговата харизматичност плени. Шармантен, симпатичен, ма речи убав Македонец, згоден, паметен, атрактивен… многу епитети можеме да редиме за ова скромно момче. По повод денешниот голем  значаен ден за сите нас 8 септември, а псоебен за него лично, го поканивме на интервју.

Најнапред да ви го честитаме роденденот, да сте жив и здрав! Како низ годините го славевте роденденот?

– Ви благодарам од срце! Родендените секогаш биле прославени во кругот на пријателите и семејството. Забавите во тесен круг ми се омилениот дел и нестрпливо чекам да дојде денот за да се прослави :)

Родендените најесто започнуваат дома, па потоа одиме да слушаме некој од скопските бендови :)

Христијан вели мајка ми Марина секоја година одново и одново ми го раскажува денот кога сум дошол на овој свет, а верувам дека така ќе биде и оваа година.

Како  вашата мајка го доживеала овој ден пред 32 години?

Иако ми ја има раскажано 31 пат до сега, верувам дека и пред вечерта пред роденден ќе ми го каже истото, „Еве Христијан ти во овој момент се раѓаш“ додека на ТВ оди снимка од прогласувањето на Република Македонија за независна, смаостојна и суверена држава. Верувам дека за моите родители овој датум е уште попосебен затоа што е спој на раѓањето на нивниот син, со „раѓањето новото сонце на слободата“ :)

Имало ли зезање на сметка на вашиот роденден од другарите?

– Имало секогаш и верувам дека и во иднина ќе има. Најголема тема е токму ова, разговорот со медиумите ден-два пред празникот :) Другарите имаат обичај на шала да кажат дека сум многу зафатен тие денови и дури не можат да ме добијат на телефон :)

Колку тоа што сте роден на овој празник влијае на вас и вашиот патриотизам или го доживувате како еден нормален ден?

– Не верувам дека сум поголем патриот од другите само затоа што сум роден на 9-ти септември 1991. Меѓутоа има некое посебно значење и чувство кое е во мене, и што верувам дека ќе остане засекогаш.Химната буди неверојатни емоции, знамето има приказна само за себе. Денот има двојно значење за мене, и во никој случај не можам да го доживеам како обичен :)

 Што за вас значи Македонија? Дали сте среќни во Македонија?

– Македонија е храброст, издржливост, борбеност, истрајност. Македонија е мотив никогаш да не се откажеш, дури и во најтешкото. Македонија е желба за победа, и причина за радост и тага. Едноставно, наш дом. Лично јас сум среќен тука, затоа и никогаш не сум заминал. Верувам дека така и ќе остане.

Што би избришале, а што би повториле од историјата на Македонија?

– Би ги избришал сите договори, сите приказни, сите злодела кои се направени против Македонија. А без двоумење би ги повторил сите победи во кои Македонија се издигнала над сите.

Сакам оваа моја мисла да се исполни, на 9-ти септември, како подарок за мојот роденден да ја повториме големата победа над големата Италија во фудбал :) Ќе бидам многу среќен :)

 Како планирате да го прославите роденденот оваа година?

– Прилично едноставно. Во тесен круг на семејство и пријатели, како и секоја година досега :)

За крај слушнете ја најновата песна на Христијан Проданов.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button