Прво се сликаше без облека, па го покажа и мачето – водителката само овој човек го крие од сите
Никогаш во животот ништо не криела, освен едно нешто...

Нашата позната водителка ги изненади своите фанови со фотографиите што ги објави на социјалните мрежи.
Познатата водителка Лила Филиповска деновиве сподели неколку фотографии со кои веднаш привлече внимание.
Лила која важи за една од омилените дами од нашите мали екрани, на една од овие објави носеше само бањарка и крпа на главата.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Таа ги освои сите со ова свое опуштено издание, во кое е подеднакво убава, па си доби и бројни коментари на сметка на својот изглед. Но покрај оваа фотографија, Лила сподели уште неколку снимки, а на кои во главна улога не беше таа, туку нејзините домашни миленици.
Имено, Лила ги сними своите мачки како уживаат во станот во кој водителката живее со нив и ги разнежи фановите.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Таа покажа и како заедно гледаат натпревар и навиваат, но и како нејзините мачки одмараат по „напорниот“ ден.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Нејзината љубов кон животните и овој пат ги воодушеви сите, а потоа Лила ги почести своите следбеници со уште едно шик издание.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Но овој пат Лила позираше во светкаво, ултра кусо фустанче, со кое повторно предизвика бура од реакции зарад својот изглед, покажувајќи зошто е жена која никого не става рамнодушен.
И токму со овие свои изданија, а често и низ своите изјави, Лила им испраќа силна порака на жените во Македонија – вистинската убавина е нешто што доаѓа одвнатре и ако тоа се негува, ќе блескате без разлика на годините. Нејзината приказна инспирира многумина, покажувајќи како самодовербата, добриот став и енергија, како и одлучноста и љубовта кон работата, па и кон забавата со најблиските, можат да станат клуч за изградба на убав, автентичен и исполнет живот.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Потсетуваме, Лила деновиве започна и со снимањето на новите сезони од нејзината квиз-шоу емисија „Се или нешто“.
Таа на социјалните мрежи сподели и неколку свои изданија во кои ќе ја гледаме во идниот период на телевизија, а многумина уште сега се прашуваат дали на некој ќе му тргне од рака и конечно ќе успее да го собере милионот од сефот на банкарот, но и дали ова мистериозно лице некогаш ќе се појави во емисијата.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Имено, Лила веќе со години не го открива идентитетот на банкарот, иако многупати досега изјавила дека зад златниот телефон навистина постои човек, но тој останува мистерија.
Принтскрин/ Јутуб, Сител
И по толку години од ова шоу, Лила не го открива банкарот, иако станува збор за една од најгледаните емисии во Македонија.
А дали тоа ќе остане така и во иднина, останува да видиме…