CelebrityTV

Прво огласување на Жика Јакшиќ по мозочниот удар – еве каква му е здравствената состојба

Водителот Жика Јакшиќ пред повеќе од еден месец доживеа мозочен удар, неколку дена беше на интензивна нега во болница, а потоа, по сите неопходни испитувања, беше пуштен на домашно лекување.

Advertisement

Рокерот Ѓорѓе Давид за српскиот портал Информер изјави дека се слушнал со Жика Јакшиќ, објаснувајќи за деталите од разговорот.

Давид рече дека познатиот водител сега се чувствува подобро по мозочниот удар и дека со огромна волја се бори да се врати во полн сјај.

Advertisement

Потсетуваме, водителот Жика Јакшиќ пред повеќе од еден месец доживеа мозочен удар, по што неколку дена беше на интензивна нега во болницата „Свети Сава“ во Белград. По сите неопходни испитувања, беше пуштен на домашно лекување.

Ѓорѓе Давид откри дека неодамна размениле звучни пораки:

„Со Жика разменив неколку тонски пораки, каде што ми звучи како дечко, и мислам дека е сериозен борец кој ќе се врати во својот препознатлив стил. Му реков дека му стискам палци, му посакав брзо опоравување и враќање во неговата загреана фотелја што го чека. А тој ми одговори:

Advertisement

„Давам сè од себе, се трудам од сè срце, благодарам на убавите желби. Не се секирај, надминавме толку проблеми, ќе го надминеме и овој мал!’“, ги цитираше рокерот зборовите на Жика.

Поради мозочниот удар, Жика имал проблеми со говорот и секојдневно работел со логопед. Но, како што открива Давид, од гласовната порака било јасно дека сега зборува без никакви потешкотии:

„Тој со мене зборуваше сосема нормално. Ви тврдам одговорно, како некој што има слух, дека зборуваше сосема нормално – со својот препознатлив глас и дикција“, рече Ѓорѓе Давид.

Жика докажа уште еднаш дека е борец, и според се’ изгледа дека неговото враќање пред камерите е само прашање на време.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button