Прво огласување на ќерката на Поповиќ по погребот – емотивна објава што никого НЕ остави рамнодушен
„Нема да жалам што почина“ пишува во својата објава ќерката на естрадниот маг

Не беше способна да зборува на комеморацијата…
На ќерката на Саша Поповиќ, Александра Поповиќ, само два дена по погребот на нејзиниот татко и беше роденден.
Таа по тој повод се огласи на социјалните мрежи и со емотивна објава се потсети на својот татко, но и на сите им се заблагодари за поддршката што целото семејство ја добива во овие тешки моменти.
„Им се заблагодарувам на сите што ми го честитаа роденденот. Кој што прави, јас само се заблагодарувам. Но навистина, ви се заблагодарувам што се сетивте на мене сега кога ми е најлошо во животот, јас која сум ви никој и ништо“ – ја започна своја емотивна објава Александра, додавајќи дека посакува нејзиниот татко се уште да е со нив.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Таа потоа откри дека не била во состојба да зборува на комеморацијата, но и дека сега има потреба да ги сподели своите чувства и сеќавања на својот татко, кого секогаш го доживувала само како татко, а не како некоја многу позната личност.
„Тој за мене секогаш беше татко, а не Саша Поповиќ. Дури сега сфаќам колкав траг оставил зад себе, колку животи променил и колку вие го сакавте и почитувавте“, напиша Александра, додавајќи дека дури сега ја разбира длабочината на неговото влијание и на сето она што тој го остави за себе.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Таа на крајот од својата потресна објава емотивно се збогуваше од својот татко, но со зборови во кои вели дека нема да жали за неговиот живот, туку дека ќе го слави и ќе се сеќава на сето она што тој го направил.
Потсетуваме, ќерката на Поповиќ досега речиси воопшто не се експонираше во медиумите и не тргна по патот на своите родители.
Инстаграм/ Александра Поповиќ
Таа заврши два факултети, а на крај се определи за занает – таа заврши и курс за маникир и веќе со години заработува сама.
И покрај големата популарност на нејзините родители, но и богатството што тие го имаат, Александра важи за скромна девојка, a Поповиќ се гордееше со неа, впрочем како и со својот посинок Даниел.
Инстаграм/ Александра Поповиќ
Па така Саша во една пригода за својата ќерка откри дека често знаеле да му ја побара картичката, но и да потроши многу малку пари.
„Ќе ја прашам колку и треба, па ќе каже – најдов сандали од 5.500 динари, најдов три маици, тоа е вкупно 5.700 динари и најдов уште три некои ленени, вкупно некои 14.000 динари“, изјави во една пригода Поповиќ додавајќи дека за разлика од неа, тој и Сузана знаеле да одат во шопинг во „Долче и Габана“, „Шанел“ и во слични продавници, но Александра не била заинтересирана за скапи работи.
Инстаграм/ Александра Поповиќ
„Еднаш и кажав, чекај Александра, еве татко ти да ти даде еден Ролекс“, а таа ми вели: ‘Прво јас не знам да гледам на часовник. Што ќе ми е мене Ролекс, на мене часовник воопшто не ми треба’“, изјави во една пригода Поповиќ, а потоа се надоврза и Сузана:
„Прво ти кажа ‘што ќе ми е мене Ролекс тато, дали си луд?“, додаде Сузана тогаш кога и двајцата гостуваа во „Цеца шоу“.