Прво бевме во Лидл, па во КАМ маркет, еве каде цените се поевтини – верувајте, и ние се изненадивме!
Не, ова не е платена реклама, ова го правиме само за вас

Почитувани, во рубриката Препораки на Гламур магазин сакаме да издвоиме производи за кои сметаме дека би ве интересирале, но и за кои сме убедени дека се квалитетни или веќе и ние самите ги користиме. Ова исто така важи и за акции, попусти, но и препораки за одредени ресторани, кафулиња, хотели, па и културни настани за кои сметаме дека се интересни за читателите на нашиот портал. Некои текстови во оваа рубрика можат да бидат спонзорирани, а за некои пак се инспириравме од вашите предлози кои може да ни ги испраќате во коментарите или на нашата Фејсбук страница.
Лидл или КАМ, прашање е сега…
Во последно време поскапувањето на намирниците и нивните цени често се коментираат и на социјалните мрежи.
Речиси секојдневно може да видиме и споредби на цените со оние во странство, па бидејќи неодамна бевме во посета на еден Лидл маркет во соседна Република Србија, каде нашиот народ често пазари, посебно од Куманово и Скопје, решивме да малку и да истражиме.
Приватна архива
И како што може и сами да видите од фотографиите, тегла ајвар во Лидл во Србија на попуст може да се најде и за 299 денари.
Во наши пари тоа е нешто повеќе од 150 денари за тегла од 690 грама.
Приватна архива
Од друга страна, ајварот на Лидл кој се продава под етикетата како домашни производи се продава за 649 динари за тегли од 550 грама, а исто толку е и пинџурот, односно околу 340 денари.
Приватна архива
Цените кај нас
Што се однесува до цените на овие производи во нашата земја решивме да ги споредиме со еден од најпознатите маркети.
Станува збор за КАМ маркет каде цената на домашниот благ ајвар од Sunny Fantasy изнесува 239 денари (тегла од 680 грама).
Приватна архива
Лутеницата од истиот бренд на која пишува дека е со премиум квалитет, 100 % природно и направен без конзерванси чини 199 денари.
Приватна архива
Оваа цена е за тегла од 690 грана.
Во КАМ може да се најде и пониска цена, што зависи од квалитетот, додека и најскапиот е значително поевтин од „домашниот“ на Лидл кој се продава по цена од околу 340 денари по тегла.
Па, Лилд или КАМ, прашање е сега?