Наши ѕвезди

Првиот сопруг ѝ почина, од вториот се разведе – оваа Македонката ги воодушеви сите во шоуто на Гранд

Цеца Николиќ реши да си го оствари сонот

Advertisement

Светлана Цеца Николиќ од Куманово го изненади жирито со својот настап во емисијата Никогаш не е доцна.

Таа е посветена мајка која заради децата и семејството ја има запоставено својата музичка кариера, па сега, на свои 47 години, реши да си го оствари животниот сон во ова популарно шоу.

Advertisement

И како што откри самата во емисијата, останала вдовица кога имала само 26 години, со две деца. Таа решила да ги изведе на вистинскиот пат, потоа се омажила повторно, родила уште едно дете, но за жал и овој брак не потрајал долго.

Принтскрин/ Никогаш не е доцна

И кога нејзините деца пораснале, решена е останатиот дел од животот да си го посвети на самата себеси и да си ја оствари желбата.

Цеца по настапот самата призна дека не е потполно задоволна и дека е свесна дека неколку пати фалширала.

Принтскрин/ Никогаш не е доцна

„Кога самата рече дека пеела фалш, тогаш ме убеди дека е одлична пејачка, бидејќи само одлична пејачка може да го забележи тоа. На сите ни се случува понекогаш. Она што ме интересираше, јас сум исто така син на воено лице и исто така добив хармоника кога бев мал и сум емотивен кога станува збор за тебе. Талентиран си, знаеш да пееш, јас само би обрнал внимание на краевите, но ти самиот го забележа тоа“ и порача Жељко Самарџиќ на Светлана.

Потсетуваме, Светлана Николиќ Цеца е родена во Куманово, од мајка од Куманово и татко од Јагодина.

Принтскрин/ Никогаш не е доцна

Поради воената служба на нејзиниот татко, дел од детството го поминала во Врање, каде што завршила основно музичко училиште, а тогаш почнала да свири хармоника и да пее.

Принтскрин/ Никогаш не е доцна

Како девојче, настапувала во воениот клуб на церемонии за положување заклетви, а на само 15 години почнала да работи во ресторани, свадби и веселби.

Сепак, нејзиниот живот се променил рано: на 18 години се омажила, родила две деца, а на 26 години останала вдовица.

Принтскрин/ Никогаш не е доцна

И покрај сè, таа се вратила на пеењето и работата. На 28 години се омажила по втор пат, за тапанар, и со години настапувале заедно во оркестарот „Слатка Тајна“, сè до 2019 година.

Денес, таа сè уште пее на разни забави, но признава дека нејзината најголема неостварена желба е што никогаш не успеала да сними песна или да се појави на телевизија.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button