Првиот отворен геј музичар од Хрватска објави фотки со момчето – еден ден подоцна го затвори Инстаграм
Еден ден по објавувањето на фотографиите некогашниот победник во „Пинковите ѕвездички“ се огласи и соопшти дека се повлекува од социјалните мрежи

Марко Бошњак, пејачот кој ја преставуваше Хрватска на Евровизија 2025 ги изненади сите кога го покажа своето момче.
На фотографиите тие позираат заедно за време на нивниот летен одмор, а станува збор за мистериозно момче од Шпанија.
Пејачот и неговиот партнер се во врска две години и веќе подолго време живеат задно во неговиот стан во Загреб.
Инстаграм/ Марко Бошњак
Но некогашниот победник во „Пинковите ѕвездички“ откако ги објави овие фотографии се соочи со бројни негативни коментари заради кои реши да се дистанцира на некое време од социјалните мрежи.
Тој се огласи и им се обрати на сите оние кои се обидоа да го скршат и со своите коментари придонесоа да се почувствува „безвредно, неталентирано и самоубиствено настроено“, потенцирајќи дека и овој пат одбива да дозволи тоа да биде крајот на неговата приказна.
Инстаграм/ Марко Бошњак
„Моето ветување останува исто, а тоа е дека ќе го завршам и објавам овој албум. Во него ќе се најде секој дел од мене што е скршен и секој грам сила што ми беше потребен за да преживеам. За сите оние што го читаат ова си се чувствуваат како мене, знајте дека не сте сами. Животот знае да биде неподносливо тежок, но држете се, ве молам“, напиша пејачот во објавите со кои откри дека се повлекува од социјалните мрежи.
Инстаграм/ Марко Бошњак
„На мојата земја Хрватска – секогаш ќе се борам против хомофобија, суровост и омраза. Постојам и ќе продолжам да постојам како облик на протест. Ова не е збогум засекогаш. Ова е пауза, нужна за мене самиот. До тогаш, ве молам, внимавајте на себе и знајте дека вашата болка исто така може да постане ваша сила. Со љубов, М“. напиша тој и заклучи:
View this post on Instagram
„Ќе се вратам!“
Инстаграм/ Марко Бошњак
Потсетуваме, Марко настап во првото полуфинале на Евровизија под реден број 14 и освои 28 бодови, што беше доволно за 12-то место од 15 земји. Резултатот не беше доволен за да се пласира за големото финале, бидејќи од секое полуфинале се пласираат само првите 10 земји.
Инстаграм/ Марко Бошњак
Тој својата земја ја престави со песната „Poison Cake“, а за време на натпреварот па и потоа се соочи со голем број критики.
Не добив поддршка од Хрватска. Повеќето евровизиски фанови тоа го мразеше. Ми предвидуваа последно место. И болеше да се гледа како мојата сопствена земја ужива во моето ‘паѓање’. Омразата е болна. Но издржав. Се излечив. Потрошив стотина евра на вокална рехабилитација. „Станав првиот отворен геј пејач во Хрватска, само за да бидам исмејуван од западните коментатори кои не разбираат колку е тоа ретко на Балканот. И сепак? Завршив на 29-то место“ се огласи тогаш Марко.
Инстаграм/ Марко Бошњак
„Сега постои фан база која ме гледа без компромиси. И пристигнува сладок мал подкаст. Имам што да кажам. Само што почнав“, напиша Марко по учеството на Евровизија и освоеното 29-то место.