Наши ѕвезди

Првиот финалист од Македонија во популарното шоу ви се заблагодарува – без вас немаше да помине (видео)

Ова е голем успех за него

Advertisement

Беше напнато до самиот крај

Во последната емисија од „Никогаш не е доцна“ 12 кандидати се бореа да помнат директно во финалето на шоуто.

Advertisement

Еден од нив беше и Кире Науновски од Свети Николе, кој за жал не помина во првиот круг, но затоа во Фејсбук гласањето доби најголем број гласови од публиката така што ќе го гледаме и во финалето.

Принтскрин/ Никогаш не е доцна

Гласањето траеше до вчера на полноќ и благодарение на вашите гласови Кире ќе биде дел од големото финале во шоуто.

Advertisement

Беше напнато до самиот крај на гласањето, но со ваша помош Кире освои 33.8 отсто од гласовите и стана шестиот финалист.

Принтскрин/ Никогаш не е доцна

Тој веднаш по завршувањето на гласањето се огласи на социјалните мрежи и им се заблагодари на сите што гласале за него.

„Едно големо БЛАГОДАРАМ на сите искрени колеги, колешки, роднини и пријатели кои помогнаа за да бидам дел од финалето на најголемото балканско шоу Никогаш не е доцна“.

Фејсбук/ Кире Науновски

„Искрено ако не бевте вие и вашите напори да се гласа, немаше да се успее. Сепак сме мала земја. Уште еднаш големо БЛАГОДАРАМ“, напиша Кире на својот Фејсбук профил.

Фејсбук/ Кире Науновски

Потсетуваме, следната недела ќе се изберат и останатите шестмина од 12-те кандидати кои ќе се натпреваруваат во финалето.

Тие ќе дадат сé од себе да освојат една од трите титули кои се избираат од страна на публиката преку СМС гласање, преку Фејсбук и гласовите на жирито како од она што ќе биде во студиото, така и од сите останати личности, пејачки, актери и водители кои оваа сезона беа дел од шоуто и се најдоа во улога на жири.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button