Нега и здравје

Oд првата утринска цигара најчесто се добива рак – еве зошто

Advertisement

Луѓето кои утрото веднаш по будењето палат цигара имаат значајно поголем ризик од неколку опасни и смртоносни болести. 

Advertisement

Поради тоа размислите уште еднаш пред да го повлечете првиот дим.

Утринското пушење се дефинира како палење на цигара во првиот половина час по буењето, а оваа навика го зголемува ризикот за добивање рак на белите дробови за 79% во споредба со нејзиното палење еден час подоцна.

Овие „рани“ пушачи исто така имаат и 59% поголем ризик за развивање на рак на главата или вратот. Точната причина за толкавото зголемување на ризикот сеуште не е познат, но истражувачите сметаат дека главната причина е тоа што луѓето кои истиот момент по будењето палат цигара стануваат поголеми зависници.

Advertisement

„Овие луѓе имаат значително поголемо ниво на никотин и други токсини од тутнот во своето тело и веќе се навлечени на цигари затоа што не можат да сочекаат еден час. Исто така, ваквите луѓе пушат со значително поголем интезитет и поради тоа увлекуваат поголем дим во белите дробови и се изложуваат со поголема количина на канцерогени материјали“, смета докторот Џошуа Мускат од Пен Стејт од медицинскиот колеџ, а пренесува магазинот Time. Се ова укажува на фактот дека веднаш по будењето се фаќаат за цигарата посебно се ранливи на рак.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button