Прва геј врска во „Елита“: Сакам да го сакам пред сите, конечно сме заедно (видео)

Во реалното шоу „Елита 9“, на големо изненадување кај гледачите, се роди првата отворена геј љубовна врска меѓу двајца учесници – Дејан Кетиќ и Урош Станиќ. Двајцата храбро и јавно признаа дека ја започнале својата емотивна врска, и дека си дале шанса за љубов, и покрај сите предрасуди и камерите што ги следат 24 часа дневно.
Урош, кој од почетокот на сезоната не криеше дека е отворен за љубов, изјави дека е „љубоморен во врска“ и дека му порачал на Дејан отворено:
-Ако сакаме ова да успее, мора да се посветиме еден на друг, сакам да се сакаме .. мора да даде фокус на нашата љубов, без да гледа во други, освен во мене, порача Урош.
Љубовта на Урош кон Дејан не се појавила веднаш, туку се родила низ приказната што го потресе целиот регион, тешката и болна животна приказна на Дејан Кетиќ.
Дејан го освои срцето на публиката, но и на Урош, со својата отвореност, ранливост и животна храброст. Неговото детство било обележано со огромна болка, загуба и постојана борба.
-Како дете ги изгубив родителите. Завршив во центар за бездомници, а потоа бев вдомуван во неколку семејства. Видов сè, изјави Дејан со солзи во очите. Дури во четвртото семејство бев среќен, но еден ден ми се јави татко ми, по долга потрага кон мене – сакаше да ме врати и да се запознаеме. Заминав кај него, но центарот за социјала ме одзеде, немаше услови за да ме чува. Повторно се вратив кај првото семејство, а таму видов малтретирање и насилство…“
Оваа потресна исповед остави траен впечаток врз Урош, кој тогаш првпат посветено почнал да се приближува до Дејан, не само како пријател, туку како човек кој препознава длабока емоција и искреност.
Иако шоуто е исполнето со интриги, расправии и стратешки сојузи, врската меѓу Урош и Дејан се развиваше тивко, но стабилно. Двајцата отворија ново поглавје во историјата на реалните шоуа на Балканот – станувајќи првата официјална геј љубовна двојка во рамки на „Елита“.
Поддршката што ја добиваат од гледачите е огромна, а нивната приказна испраќа силна порака за прифаќање, љубов без граници и храброст да се биде свој, па дури и кога целиот свет гледа.