Прозивка во „Ѕвездите на Гранд“ – Снежана остро за Босанац: „До вчера беше дедо, а сега…“
„До вчера беше дедо, сега е момче и тоа е во ред...“

По најновото снимање на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, пејачката Снежана Ѓуришиќ јавно му одговори на својот колега Драган Стојковиќ Босанац, по неговата изјава дека „Ѕвездите на Гранд се за баби и дедовци“, што предизвика бурни реакции меѓу членовите на жирито.

Ѓуришиќ, видливо смирена, но јасна, изјави:
„Тоа е негово мислење. До вчера беше дедо, сега е момче и тоа е во ред. Не би сакала да коментирам подлабоко, затоа што на овој формат гледам како на ривалство, а малку ривалство е добро и пожелно во секое натпреварување“, изјави таа.
Потоа се осврна и на актуелниот судир меѓу Вики Милковиќ и Зорица Брунцлик, додавајќи:
„Пријателка сум и со Зорица, и со Виолета и нејзиното семејство. Неблагодарно е да зборувам за тоа. Не е пристојно да се коментираат туѓи зборови, тие така си мислат“ – рече Ѓуришиќ за српски „Ало“.
Инаку, Драган Стојковиќ Босанац во предновогодишниот период е максимално ангажиран во студио,а во меѓувреме и работи на музичко продуцирање за повеќе млади таленти од шоуто, воедно подготвува и нови аранжмани за познати народни и поп-фолк пејачи.
И покрај тоа што неговата изјава за годините и „публиката на Гранд“ одекна во јавноста, блиски извори тврдат дека Босанац останува фокусиран на работата и дека веќе подготвува нови музички проекти кои ќе бидат претставени до крајот на годината.
Потсетуваме дека, како што објавија српските медиуми, Босанац добил значително поголем хонорар во „Пинкови ѕвезди“ отколку што земал во „Ѕвездите на Гранд“ за истата работна задача.

За една сезона ќе инкасира околу 60.000 евра, што е речиси двојно повеќе од сумата што ја добивал во „Гранд“.
Извор близок до продукцијата за медиумите изјавил дека договорот подразбира 1.500 евра по емисија, односно вкупно 40 епизоди по сезона.
„Уште пред финалето на ’Ѕвездите на Гранд’ во јуни, тој доби примамлива понуда од ’Пинк’ и веднаш поразговара со челниците на телевизијата. Откако му беше гарантиран хонорар поголем од претходниот, Босанац ја прифати понудата“, открил изворот.
Потсетуваме, жири-столчето на Ѕвездите на Гранд пред новата сезона прва го нашушти Марија Шерифовиќ, а потоа и Драган Стојковиќ Босанац и Вики Миљковиќ.




