Провокативната Ана Стојанова се пресели во Дубаи – Живее на 22 кат со поглед што остава без здив!

Онлајн фитнес тренерката Ана Стојанова реши да направи нов чекор во животот и работата – барем привремено. Таа се пресели во Дубаи, каде што ќе престојува еден месец, а веќе првите впечатоци ги сподели со своите следбеници на „Инстаграм“.
Во видео што го објави на својот профил, Ана им откри на фановите дека се сместила во модерна гарсоњера со спектакуларен поглед кон Дубаи Марина. „Хабиби, се преселив еден месец во Дубаи. Ајде да ви кажам каде сум сместена,“ им се обрати таа со насмевка, покажувајќи го новиот дом.
Посебно внимание привлече деталот што кујната се крие зад лизгачка врата како од плакар, а терасата нуди поглед кој, како што вели Ана, „вреди секоја минута во овој град“.
Стојанова откри дека зградата располага со сопствена теретана и базен, што за неа како фитнес тренер претставува огромен плус. „Теретаната ми е во зградата, тоа е многу голем плус. Во скоро секоја зграда во Дубаи имате своја теретана,“ рече таа, додавајќи дека веднаш започнала со тренинзи.
Во нејзиното видео Ана спомена дека престојот таму го доживува како мало животно патување и инспирација за нови почетоци. „Вчера ми беше прв ден, ама го преспав, што значи официјално денес ми е прв ден,“ се пошегува таа, завршувајќи го видеото со типичното: „Сега си одам, чао чао.“



