Без разлика од која страна го гледате, овој костим за капење изгледа провокативно!
Едноделните костими за капење можат да бидат и посекси од бикините.
Одличен пример за тоа е костимот за капење што неодамна го носеше Клои Гуднам на Малдивите. Клои кои учествува во емисијата „Celebrity Big Brother“ кога е на плажа сака да изгледа провокативно.
Какви костими за капење ќе бидат во мода ова лето >>
Костимот е отворен низ целиот грб, има многу провокативен долен дел и уште попровокативно деколте, а шарениот дезен го прави да изгледа уште попривлечно. Високите температури можеби се одличен изговор за ваквите модели, но ние сепак сме за некоја поодмерена и посуптилна (позатворена) варијанта во која ќе изгледате далеку посексапилно отколку во костими за капење кои покриваат само минимален дел од вашето тело.
Едноделните костими за капење се маст-хев за оваа сезона >>
Што мислите вие?
Кои се најпопуларните костими за капење за ова лето >>