Провокативен флерт без цензура во „Пинкови ѕвезди“, „кажи дека ме сакаш“ – кој е Македонецот што ја освои Карлеуша со својот глас и стас? (видео)

Во последната емисија на популарното музичко шоу „Пинкови ѕвезди“ се претстави талентираниот штипјанец Владимир Марган, кој со својот моќен и емоционален вокал веднаш го освои жирито и публиката. На своето прво појавување, Морган избра да ја изведе баладата „И сад ме по теби познају“, во која внесе силни емоции, топлина и уметничка длабочина.
Во вториот дел од настапот Владимир се одлучи за една од најпопуларните песни на Аца Пејовиќ, „Нема те нема“. Со силна интерпретација и впечатлива боја на глас, тој ја пренесе емоцијата на песната и успеа да ја „живне“ салата.
Прва својот глас му го даде Зорица Брунслик. По настапот следеа и коментарите од жирито.
-Првата песна ја отпеа боженствено, нежно, со душа. Втората исто така ја одработи прекрасно. Навистина ми се допадна, рече Зорица, задоволна од неговиот настап.
Пофалби имаше и од Вики, која сепак му посочи детал што треба да го подобри.
-Заслужуваш ментор, тоа е сигурно. Имаш прекрасна боја на глас, но на моменти беше неразбирлив. Со помош на ментор ќе го средиш тоа, рече Вики.
Јелена Карлеуша, пак, го истакна неговиот специфичен вокал.
-Јас би ти давала да пееш само песни од Бајага. Имате сличен стил, а твојата боја на глас совршено се вклопува во тој правец, рече Јелена, која неколку пати го замоли Владимир да изговори уште неколку реченици, само за да може подолго да ужива во неговиот „топол глас“.
Со харизмата, сценската енергија и препознатливиот вокал, Владимир успеа да го остави својот прв сериозен печат на големата сцена на „Пинкови ѕвезди“. Иако пред него стојат уште многу чекори, јасно е дека поседува талент и посветеност што можат да го одведат далеку во натпреварот. Публиката го прифати со симпатии, жирито го пофали со аргументи, а менторот веќе го чека да започнат заедничка работа.



