![](/wp-content/uploads/2025/02/kam6-780x470.jpg)
Почитувани, во рубриката Препораки на Гламур магазин сакаме да издвоиме производи за кои сметаме дека би ве интересирале, но и за кои сме убедени дека се квалитетни или веќе и ние самите ги користиме. Ова исто така важи и за акции, попусти, но и препораки за одредени ресторани, кафулиња, хотели, па и културни настани за кои сметаме дека се интересни за читателите на нашиот портал. Некои производи во оваа рубрика можат да бидат спонзорирани…
Производи на попуст по наш избор
Бидејќи денес е празникот на вљубените, но и на виното, решивме да скокнеме до најблискиот Кам и да видиме што нудат на попуст.
Тука секако првенствено мислиме на цвеќињата, бидејќи тие се класичен избор кога станува збор за Денот на вљубените, но и на црвеното вино како и на бонбонјери кои исто така се совршен подарок.
Па, еве неколку интересни работи што ги пронајдовме:
Принтскрин/ Кам флаер
Имено, во продавниците на овој наш познат маркет од 12.03 започна продажба на цвеќиња кои се движат од 89 денари до 199 денари.
Принтскрин/ Кам флаер
Па така најевтино ќе си поминете доколку изберете Зумбул, додека за останатите ќе дадете нешто повеќе, а најскапа е Хризантемата.
Фото: Гламур
Но, во некои маркети зумбулите се продаваа како алва, па веќе во текот на денот беа речиси распродадени.
Принтскрин/ Кам флаер
Италијанско вино за 169 денари? Хммм…
За љубителите на виното пак, според флаерот на Кам, од понеделник до недела на попуст се италијанските вина Terre Cevico (бело суви вино 750мк) – 169 денари и Cavalиeri Reali (црвено суво 750 мл) кое исто така е на попуст и се продава за 169 денари. Освен овие вина на попуст се и Galassi (црвено суво вино од 750 мл) кои чини 229 денари и Primitivo Di Manduria (црвено суво вино од 750 мл) – 349 денари.
Принтскрин/ Кам флаер
Покрај овие производи на попуст се нудат и многу други кои можат да ви послужат како подароци за овој празник, а нашиот избор се плишаните играчки кои се продаваат за само 249 денари.
Но, побрзајте, количините со ограничени…
А што се случува со цвеќарите?
Фото: Гламур
Колку за споредба, ружите во цвеќарите се движат од 200 до 250 денари, а доколу сакате да изненадите некој со цвеќето познато како Дрво на животот би требале да издвоите околу 700 денари.