Нападите на глас кои најчесто ве тераат да јадете слатки работи, може да влијаат на зголемувањењто на килограмите, но и на целокупното здравје. Во продолжение откријте неколку трикови како можете истите да ги спечите.
Дремка
Доколку ви дозволува времето – дремнете малку. Напдите на глад најчесто доаѓаат кога сте уморни, па наместо да одморите, посегнувате кон нездрави задоволства.
Оттргнете си го вниманието
Бидејќи повеќето напади на глад траат многу кратко, обидете се тоа време да не размислувате за храната. Пуштете си ја омилената песна, јавете се некому за да разговарате или пак започнете со вежбање.
Научете кога треба да прекинете
Понекогаш е во ред да изедете некое парче торта. Меѓутоа, кога ќе одлучите да се задоволите себеси на овој начин, тогаш намалете ја порцијата, па наместо да изедете цело чоколадо, изедете само еден ред.
Пронајдете спас во водата
Мозокот често потребата за жед ја помешува со потребата за храна. Затоа, кога наредниот пат ќе почувствувате напад на глас, прво напијте се една чаша вода.