Реклама
Фитнес

5 проверени трикови за совршена форма

Реклама

За да бидете здрави и во добра форма, неопходно е да водите здрав начин на живот. Ова сите го знаеме, но како најлесно да го примениме на дело прочитајте подолу…

Маркетинг

Вежбајте секој ден

Здравиот живот вклучува и физичка активност, и тоа секојдневна, но со различен интензитет. За почетниците се препорачува два пати неделно поинтензивен и подолг тренинг со малку потешки вежби, додека останатите денови може да се прават разновидни вежби со понизок интензитет, на пример насочени кон групите мускули кои полесно се обликуваат и вежби за одржување на кондицијата. За оние што се навистина кратки со време се препорачува таканаречениот „табата тренинг“кој вклучува кратки и динамични вежби. Табата начинот на вежбање се состои од 20 секунди вежби и 10 секунди пауза. Истите вежби се повторуваат 8 пати, односно вкупно 4 минути. 

Вежбајте без оглед на временските прилики

Маркетинг

Не дозволувајте временските прилики да ви го диктираат темпото на вежбање, односно никако не барајте оправдание за одложување на вежбањето поради времето. Сите временски неприлики се погодни за одредени спортски активности. Ако времето е потопло, тогаш бираме активности на отворено како трчење, пливање, возење ролерки или велосипед, а во поладните денови вежбаме внатре – дома или во теретана, по ваш избoр.

Не чекајте друштво за тренинг

Сигурно сте слушнале многумина „ентузијасти“ како се правдаат дека не вежбаат поради тоа што немаат со кој, а без друштво им е досадно. Ова е една голема заблуда која ве ограничува. Не ги користете туѓите изговори како ваши сопствени! Не дозволувајте си да зависите од никого, никој не ви е потребен, можете сами да си вежбате и да им послужите на другите како пример.

Внесувајте толку калории колку што трошите

За одржување на телесната тежина потребно е внесот на калории да го прилагодите на потрошувачката. Кога внесувате повеќе отколку што трошите се дебелите, а кога внесувате помалку – слабеете. Толку едноставно. На возрасен маж кој не работи тешка физилка работа му се потребни околу 2000 калории дневно, а на жена околу 2.000. Без разлика дали не сакате или не можете да вежбате од оправдани причини, треба да имате во предвид колку калории внесувате. Овде не се мисли на фанатичко мерење на храната на вага и пресметување на калориите, туку на тоа да ја сфатите калориската вредност на храната и нејзиното значење. Кога ќе видите дека една кесичка чипс од 100 гр. (или едно млечно чоколадо од 100 гр.) имаат во просек околу 550 калории, што е еднакво на околу 27 лажици шеќер, и претставува околу четвртина од вкупниот број на калории што треба да ги внесете во денот, а за кои ќе ви треба околу 50 минути трчење за да ги потрошите, ќе ви стане јасно какви грешки правиме при изборот на намирниците што ги внесуваме и потоа ќе размислиме пред да се фрлиме да јадеме што било во настап на глад.

Не внесувајте непотребни калории

Сигурно ќе останете запрепастени ако пресметате колку непотребни калории внесувате во текот на денот. Ако оброкот што сте го изеле не ви бил доволен и пак се чувствувате гладни, потрудете се да внесете корисни состојки за вашиот организам, а не само да се заситите со што било. Потрудете се помеѓу оброците да внесувате квалитетна храна како шака бадеми, лешници или други јаткасти плодови кои даваат енергија и претставуваат извор на витамини, минерали и омега 3 масни киселини. Доволен е само еден бразилски орев на ден за да се задоволат целокупните потреби на организмот за селен, еден од најсилните антиоксиданси!

Извор: femina.hr

 

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button