Недостатокот на сон може да предизвика многу проблеми и нарушување на нормалното секојдневие. Сите знаеме колку е важно да имаме добар сон, а во продолжение ви откриваме еден лесен начин кој ќе ви помогне да заспете за 2 минути, а кој се применува во американската војска.
Овој метод вклучува свесно опуштање на мускулите, со употреба на техника за дишење и визуализација. Следниве неколку чекори треба да ги преземете пред да заспете. Сите нема да ви одземат повеќе од 2 минути.
Чекор 1: Опуштете ги мускулите на лицето, вклучувајќи го и јазикот, вилицата и мускулите околу очите.
Чекор 2: Максимално опуштете ги рамењата. Целосно опуштете ја десната, а потоа левата рака.
Чекор 3: Издишете и опуштете го градниот кош. Потоа опуштете ги нозете, почнувајќи од колковите, па се’ до прстињата на нозете.
Чекор 4: Претходните чекори делуваат едноставно, но сега нешто посложено: Обидете се на не мислите на ништо.
Поминете така околу 10 секунди, а потоа замислете три слики. Едната е дека лежите во чамец кој плови по езерото, додека околу вас нема ништо, само чисто небо над главата.
Слика 2: Лежете во висечка лулашка од црн сомот, во црна соба.
Слика 3: Повторувајте: НЕ РАЗМИСЛУВАЈ. НЕ РАЗМИСЛУВАЈ, НЕ РАЗМИСЛУВАЈ… околу 10-20 секунди.