Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Прости ми, Боже – молитва за барање прошка

Реклама

Сите понекогаш грешиме, но човечки е да се покаиме и да побараме прошка… За таа цел ви прикажуваме една кратка молитва која ќе ви даде утеха и смирување.

ФОТО: creativemarket.com

Прости ми, Боже, се каам, прости ми, во жалост е срцето мое. Прости ми ги Боже моите салбости и злобни зборови. Прости ми и дарувај ми ја твојата милост. Без твоето простување јас немам мир, моите денови се исполнети со болка. Прости ми ги гревовите, мој Боже.

Прости ми го и секое ненамерно направено зло, прости ми што понекогаш јазикот ми е побрз од умот, прости ми што понекогаш заборавам рацете да ги склопам  и да ти се помолам, прости ми што умот ми го заземаат многу други обврски.

Маркетинг

Прости ми што понекогаш заборавам и на моето семејство и се величам само себеси. Барам утеха во зборовите упатени кон тебе и се молам за посреќно утре. Прости ми мене и на моите ближни, прости што во деновите забораваме да те споменеме.

Прости ми Боже. Амин.

Маркетинг

Да не заборавиме и да им простиме на нашите блиски, оние кои ненамерно ни нанеле зло. Но, да се обидеме и да им простиме на оние кои со намера се обиделе да ни го уништат животот. Со простувањето си дозволуваме себеси да чекориме напред со чисто срце и слободен ум.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button