Прослава во домот на една од најбогатите убавици од Балканот – живее во куќа од 4.5 милиони евра
Ова беше посебен ден за семејството

Живее во раскошна куќа од 4.5 милиони
Познатата актерка Нина Сеничар која со американскиот актер Џеј Елис има две деца сподели преубава вест.
Имено, Нина и Џеј имаат две деца, а нивната ќеркичка Нора Грејс го прослави својот шести роденден.

Инстаграм/ Нина Сеничар
„Среќен роденден на моето бестрашно девојче. Те сакам“, напиша Нина под фотографијата што ја сподели.
Како што може да се види од нејзината објава, славеничката имаше преубава торта со куклички и нејзиното име.

Инстаграм/ Нина Сеничар
Потсетуваме, Нина со сопругот живее во Лос Анџелес. Само куќата во која што живеат вреди повеќе од 4.5 милиони евра, заради што оваа убавица важи и за една од најбогатите жени на Балканот.

Инстаграм/ Нина Сеничар

Инстаграм/ Нина Сеничар
Нивната куќа се наоѓа во историски кварт во Лос Анџелес, познат по раскошни вили, а откако е купена е целосно реновирана.
Изградена е во 1919 година, но сопругот на Нина ја реновираше и сега изгледа како луксузен хотел со пет ѕвездички.
Потсетуваме, Нина пред да се омажи за холивудскиот актер беше во врска со популарниот италијански музичар Ерос Рамацоти.

Инстаграм/ Нина Сеничар
Со сегашниот сопруг кој се прослави со улогата во филмот „Топ ган – Маверик“ се запознале во 2015 година.

Инстаграм/ Нина Сеничар
Џеј по четири години врска ќе ја запроси Нина, по што ќе следува и нивната раскошна венчавка во Тоскана.
Ника се има појавено во неколку холивудски филмови, како и во бројни италијански филмови и телевизиски проекти.

Инстаграм/ Нина Сеничар
Убавата манекенка пред да ја започне врската со холивудскиот актер беше во љубов со познатиот музичар од Италија, Ерос Рамацоти, со кого се запозна додека живееше и студираше во Италија.
Повеќе за ова прочитајте тука >>




