Реклама
FashionШопинг
Актуелно

Прошетавме наместо вас, еве ги предлозите – „бушави“ палтенца во боја за супер расположение

Ви здодеа сивото секојдневие и замагленото зимско време? Тогаш дефинитивно треба да си организирате терапија со боја. Најдобар избор би било да си купите палтенце во светла нијанса или уште подобро во силна боја и волшебно, расположението ќе ви се врати како пролетта да е пристигната во градот.

Реклама

Нека не ве плаши февруарското ниту мартовското време, иако се очекуваат променливи температури и секако, дождови. Не дозволувајте тоа да ви го расипе расположението.

Убавата вест е што апсолутен тренд станаа „бушавите“ палтенца и бундички во силни бои кои ќе ги најдете и во нашите продавници.

Не само што се прекрасни за очи, и не само што ќе ве стоплат, туку и штом ги облечете на себе – ќе ве расположат!

Маркетинг

Технологијата напредна толку далеку што еко-алтернативите изгледаат толку убаво, и што е најважно, не се чувствуваат полошо од природните.

Оваа зима, „бушавите“ палтенца воодушевуваат со својата различност. Класични долги модели со широки јаки? Може. Кратки, со необични форми или со оригинални принтови кои потсетуваат на животинско крзно? Исто така се во тренд.

Маркетинг

Доминираат во зимските колекции на повеќето луксузни модни марки. Но можат да се најдат и во колекциите на „хај стрит“ брендовите.

Жолто „бушаво“ палто, Гучи есен/зима 2025

Ајде да разгледаме каде може да ги најдеме кај нас.

На фејсбук-страницата на Luxe Fashion Macedonia има различни привлечни моделчиња во боја, по достапни цени.

Во бутикот Стил во тц. Глобал во Струмица моментно во тек се намалувања, а има од нашите омилени модели, на пример – во црвена боја.

Бутик Стил, фејсбук

Убав модел на сино палтенце нуди Мода Бела.

2 600 денари, Moda Bella Фејсбук

Во нашиот омилен бутик во Лептокарија, 4U Accessories, најдовме неодолив модел на долго палто во виолетова боја, а од ум не ни излегува бушавото палтенце во црвена нијанса.

4U Accessories
4U Accessories

Во секогаш пријатно изненадувачкиот бутик Боди лајн (во Буњаковец) има преслатки бушави моделчиња.

Body line
Body line

Одлично се комбинираат со фармерки, но и со кожени панталони. Се носат и со каубојки и со кратки чизмички, исто како и со патики.

За уште поразигран изглед, може да ги носите со шарени здолништа, флорални фустанчиња или карирани панталони.

 

 

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button