Некои од најпознатите предвидувачи на минатите векови се Нострадамус и Баба Ванѓа. И двајцата зад себе оставија низа размислувања за настани кои би можеле да се случат во иднина, а се здобија со популарност токму затоа што нивните зборови на крајот се покажаа вистинити.
Затоа, би било, можеби, корисно да се слушне како размислувале за човештвото во 2025 година, пишува Дејли меил.
Нострадамус
Францускиот астролог и лекар од 16 век Нострадамус напишал дека човештвото би можело да стапи во контакт со вонземјани веќе во 2025 година, а европските земји би можеле да започнат некаков конфликт со Англија.
„Суровите војни“ ќе започнат од „крилата на Англија“, предизвикувајќи „непријатели однатре и однадвор“, напишал Нострадамус, нагласувајќи дека некои од западните земји ќе изгубат дел од своето влијание со појавата на нови светски сили поради долготрајниот конфликт во 2025 година.
Нострадамус, исто така, напишал дека 2025 година ќе донесе револуционерен напредок во медицината, но и дека светот повторно ќе се соочи со некаков вирус или опасна болест – „Големата чума од минатото се враќа, нема поубиствен непријател под небото“.
Понатаму, тој запишал дека „огнена топка од вселената“ ќе ѝ се закани на Земјата оваа година, но ова ќе биде „втора шанса“ за човештвото, што ќе ѝ овозможи на Земјата да се опорави од експлоатацијата на ресурсите од страна на луѓето.
Баба Ванѓа
Баба Ванѓа, пак, предвидувала дека Европа ќе ја потресе „деструктивна војна“, а целиот свет ќе биде зафатен од земјотреси – особено на западниот брег на САД.
Како и Нострадамус, таа исто така предвидувала за 2025 година дека научниците ќе направат откритија во медицината, особено на полето на ин витро -трансплатација на органи. Таа оди и чекор понатаму што вели дека „телепатијата ќе почнува да станува реалност“ и тоа токму од оваа година.
И, можеби најинтригантно, и Баба Ванѓа како Нострадамус, предвидува дека „човештвото ќе дојде во контакт со вонземски живот за време на голем спортски настан“.