Прополис е смеса на смоласти супстанци која пчелите ја собираат од цветовите на различни билки.
Со научни истражувања е утврдено дека прополисот делува против вируси, габи и бактерии, па е и силен антиоксиданс. Тоа е посебно важно да го имате на ум во сезона на вируси и грипови. Прополисот не им дозволува на вирусите да се размножуваат и така спречуваат болести. Прополисот го ублажува и болното грло, а со негова подолга употреба ќе го подобрите имунитетот.
Научниците докажале и дека прополисот исто така ја спречува појавата и метастазирањето на ракот, а антиоксида нтското својство може го намали негативното дејство на хемотерапијата. Освен тоа, овој дар од билките и пчелите помага при болки, а како антиоксиданс ги поправа последиците од староста, болестите и лечењето, на тој начин што подмладува.