Пронајдовме маслиново масло по супер цена во еден од најевтините маркети – еве ги и другите цени
Топ 3 производи од Кам маркет за оваа недела

Почитувани, во рубриката Препораки на Гламур магазин сакаме да издвоиме производи за кои сметаме дека би ве интересирале, но и за кои сме убедени дека се квалитетни или веќе и ние самите ги користиме. Ова исто така важи и за акции, попусти, но и препораки за одредени ресторани, кафулиња, хотели, па и културни настани за кои сметаме дека се интересни за читателите на нашиот портал. Некои текстови во оваа рубрика можат да бидат спонзорирани, а за некои пак се инспириравме од вашите предлози кои може да ни ги испраќате во коментарите или на нашата Фејсбук страница.
Бевме, видовме и еве што избравме за вас…
Го прегледавме каталогот на еден од најпознатите маркети во Македонија и еве неколку производи што ги издвоивме.
Станува збор за маркетот КАМ кој може да го најдете во сите поголеми места во нашата земја, а од нивниот најнов каталог, кој трае од 12 до 18 мај, ги избравме следните три производи.
Маслиново масло – 339 денари
На прво место, овој пат е италијанското маслиново масло OR Oliveto од 750 мл кое од 439 денари се продава цели 100 денари поевтино, односно според новиот каталог намалено е за 23 отсто така што цената сега на ова екстра девствено масло е 339 денари.
Покрај маслиновото масло овој пат внимание ни привлекоа и капсулите за перење алишта од „Persil“.
Persil – 399 денари
Во прашање е XL пакување што е на попуст од 33 отсто така што од 599 денари е намалено за 200 денари, односно сега е 399 денари.
И кога сме веќе во овој маркет, секако дека не си одиме без да пазариме и по некое кило тетрапак млеко.
Алпско млеко – 65 денари
Овој пат наш избор е мултивитаминското алпско млеко од 1 литар што исто така е на попуст и се продава по цена од 65 денари.
Па, што мислите за овие цени и дали знаете некое место каде истите овие производи се продаваат и поевтино?