Новости

Промоција на уникатен мултимедијален проект – „Три лица на љубовта“, книга што се чита…и се слуша

Песните ги изведуваат: Мариана Бошковска, Ана Петановска, Горан Наумовски, Агни Авшар, Биба Додева, Жаклина Стевковска и Зорица Поп Панкова.

Advertisement

На 10-ти декември 2025 година (среда), во Малата сала на Филхармонија, со почеток во 19:30 часот, ќе се одржи промоцијата на книгата „Три лица на љубовта“ од авторот Митко Чешларов, во издание на Сигмапрес.

Книгата претставува уникатен мултимедијален проект составен од лирски записи, авторски песни и драмски текст – три различни форми преку кои се обработуваат теми што секој човек ги носи во себе: љубовта, осаменоста, копнежот и внатрешните лични приказни. Секоја композиција има свој лирски запис, а во книгата се вклучени и QR-кодови кои водат директно до сите досега снимени песни на официјалниот Јутјуб канал на авторот (види ТУКА).

Advertisement

Врз основа на текстовите во книгата досега се снимени осум авторски композиции, а проектот продолжува со создавање и снимање нови песни. Истовремено, истиот концепт се подготвува и за Хрватска.

Инспирацијата за драмскиот текст „Кој сум јас“ произлегува од начинот на кој сите ние се препознаваме во песните, во музиката – во стих, чувство или момент што, додека го слушаме, ни изгледа блиско, како да е создадено за нас. Токму таа универзална човечка реакција послужи како основа од која се разви драмата, како третото уметничко лице во книгата.

Песните ги изведуваат: Мариана Бошковска, Ана Петановска, Горан Наумовски, Агни Авшар, Биба Додева, Жаклина Стевковска и Зорица Поп Панкова.

За дел од изведувачите, овие песни се нивно прво ново музичко остварување по подолг период.
Автор на музиката и текстовите е Митко Чешларов, а аранжерите кои стојат зад реализираните композиции се: Ангел Ќосев, Кристијан Габроски, Стефан Петановски, Давор Јордановски и Владимир Дојчиновски.

Настанот ќе го водат Драги Павлевски и Жаклина Стевковска, а публиката ќе има можност да доживее ретко уметничко искуство преку спој на лирски записи, музички изведби и драмски сегменти.
Настанот е отворен за публика. Пристигнувањето е предвидено од 19:15 часот, додека официјалниот почеток е закажан во 19.30.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button