Многу лесно и вкусно јадење кое брзо се приготвува и може одлично да ви дојде за ручек или вечера кога немате многу време.
Состојки
· 450 гр. тестенини по желба
· 8 парчиња сланина, исечкани
· Мешавина од зачини: 1 лажичка сув магданос, 1 лажичка сол, малку бибер, половина лажичка лук во прав, трошка сува мајчина душица
· 4 чешниња лук, исечкани
· 1/2 главица кромид, исечкана
· 2 шолји павлака
· 170 гр. спанаќ
· 410 гр. исечкани домати од конзерва
· 1/2 шолја изрендан пармезан
Многу лесно и вкусно јадење кое брзо се приготвува и може одлично да ви дојде за ручек или вечера кога немате многу време.
Прво сварете ги тестенините според упатството наведено на амбалажата. Ставете ги под млаз ладна вода и процедете ги. Во подлабока тава испржете ја сланината на средна температура, извадете ја и ставете ја на хартија да се исцеди маслото. Оставете во тавата количина на масло колку 1-2 лажици, а останатото отстранете го. Ставете го кромидот во тавата и динстајте на средна температура 3-4 минути, додека не омекне, па додадете го исечканиот лук и уште малку продинстајте. Потоа додадете ги исечканите домати, динстајте една минута, па додадете ја павлаката (може и млеко или јогурт ако во моментот немате павлака), додадете ги зачините, намалете ја температурата и оставете ја смесата да крчка 5-10 минути. Додадете го и исечканиот спанаќ и мешајте додека не овене, па додадете ги тестенините и сланината и сé убаво измешајте. Се служи топло.
Добар апетит!
Извор + фото: Windykitchen