Овој детаљ им дава посебен шарм на фустаните – погледнете ги најромантичните пролетни модели од познатиот бренд
Овие фустани имаат посебен шарм
Пролетните и летните колекции се преполни со модели кои се зачинети со везени детали, а ние денес ќе ви ги претставиме преубавите фустани од понудата на шпанскиот бренд Зара кои се украсени со најразлични везови.
Во прашање се модели со различни кроеви кои се украсени со везени детали кои изгледаат подеднакво убаво без разлика дали се работи за шарени везени цветови или суптилен вез со кој е направен (или украсен) самиот фустан.
Ние би ги носеле со ниски сандали или еспадрили (можеби едни од овие тука), но дефинитивно би ги пробале и со патики (погледнете ги тука најдобрите модели на патики за оваа пролет). Нашите уредници ги избраа најдобрите фустани зачинети со везови од пролетната колекција на Зара, па погледнете ги фотографиите во продолжение и кажете ни дали ви се допаѓаат и кој модел ви е омилен?