Реклама
Парфеми

5 прекрасни пролетни парфеми

Реклама

Парфемите се мешавина од миризливи, есенцијални и ароматични малса кои се користат за да им дадат на луѓето пријатни мириси.

Маркетинг

Ароматичните соединенија кои ги даваат тие пријатни мириси во парфемите можат да бидат природни, добиени од растенијата или животните, или пак, тие да бидат добиени по синтетички пат.

Општо е познато дека парфемите постојат уште од времињата на најстарите цивилизации, како што се на пр. Месопотамија и Египет, но исто така познато е и дека парфемите, т.е начинот на нивната дестилација, се споменува во индиските веди. Модерното производство започнува во XIX век и денес оваа индустрија има досегнато едно своевидно совршенство. А дека тоа е така, еве само неколку примери од кујните на големите мајстори кога се во прашање овие есенцијални, мирисливи масла.

Маркетинг

 
Stella McCartney L.I.L.Y eau de parfum

Втор парфем од Стела Мек Картни инспириран од среќното и безгрижно детство. Ја потсетува на мајка и Линда и на името што и го дал татко и Пол – L.I.L.Y, кратенка од „Linda I love you“. Главната мирисна нота на парфемот доаѓа од момината солза во комбинација со основата од дабов мов и горни ноти од тартуф. Доаѓа во прекрасно арт-деко шише.

Vera Wang Princess Night eau de toilette

Новиот парфем од Вера Ванг е гламурозен и егзотичен почнувајќи од неговото светкаво лилјаково шише до разиграната мирисна комбинација од јасмин, цвет од портокал, и нијанса на роза. Вечерен мирис за девојки кои сакаат да се забавуваат.

Calvin Klein Sheer Beauty eau de toilette

Новиот цветен мирис изобилува со класична елеганција типична за Келвин Клајн, со горни ноти од бергамот, јагода, малина и праска, кои преминуваат во главната мирисна нота од божур, розов крин и јасмин, кои пак почиваат на блага основа од сандаловина, мошус и цвет од ванила. Чиста класа која ќе ги воодушеви сите љубители на овој бренд!

Clinique Wrappings

Прекрасна комбинација од зелени растенија како босилек и жалфија со бели цветови – јасмин, момина солза и зумбул, зачинета со елементи од дрва како чемпрес, индиска трева и дабова мов. Возбудлив, свеж и жив мирис. Порано можеше да се набави само во „Хародс“ во Лондон, но сега е достапен во широка продажба и може да се набави и преку интернет.

Vivienne Westwood Cheeky Alice eau de toilette

Комбинација од момина солза, божур и роза со основа од мошус и елементи од дрва. Претставен како „постарата секси сестра“ на веќе познатиот Naughty Alice на Вивиен Вествуд. Женствен и провокативен, токму како неговата креаторка!

alt

[issuu width=420 height=280 embedBackground=%238702b0 backgroundColor=%23222222 documentId=120308102057-a1d3c49c84a3411090e336248f289054 name=broj4 username=shoppingmk unit=px id=8cd1bb43-995e-00d1-af18-87d1c23ddaad v=2]

Разлистај го мартовското издание на ShoppingMagazine.mk
со едноставен клик на копчето EXPAND!

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button