Почитувани девојки, дали постои нешто поуниверзално, покласично и подобро за пролетната сезона од тренч мантилот?
Пролетниот мантил е совршен, особено за шмнкерска Америка, но како девојки кои живеат на европска почва, многу подобро би се чувствувале во прегратките на француската класика, нели? Па доколку се уште не поседувате еден, крајно време е да си набавите. Со ремен, облечени во слоеви за постудено време, изгледа одлично за преку викенд, потоа за на работа, а може да се носи и со фустан (да, тоа можеме да го докажеме со фотографија!).
Пролетни мантили со супер цени » |
Погледнете како го прават тоа овие девојки и обидете се да ја најдете комбинацијата што најмногу ќе ви одговара.
Кратка историја за „тренч“ мантилите
Мантилите за дожд или популарно наречени „тренч“ мантили настанале при крајот на XIX век (најверојатно први ги направиле модните куќи „Барбери“и „Акваскутум“) како облека за француските и англиските војници, но подоцна тие ќе ги освојат женските срца и ќе станат едно од нивните омилени парчиња.
Тие совршено изгледаат со високи потпетици и фустани, како и со рамни чизми и фармерки. Можете да ги носите преку ден, на работа, на вечерна прошетка – а токму таквата широка употреба ги прави да бидат задолжително парче што секоја дама треба да го има во својот плакар.
Оваа сезона тренч мантили се вистински хит, особено затоа што со нив за само секунда можете да го трансформирате вашиот изглед и да преминете на повисоко стилско ниво, но тие се одлични и за секој ден. Токму затоа голем број познати светски дизајнери ги имаат во своите колекции, а моделите за оваа сезона најчесто се украсени со кожени елементи, тенки ремени и интересни копчиња кои им се заштитен знак.
Што се однесува до комбинациите, ве советуваме најпрво да ја ѕирнете оваа галерија и да ги проучите комбинациите што најмногу ќе ви се допаднат. Следниот чекор е да се обидете да изведете слични комбинации, секако користејќи ја вашата креативност, и да изгледате привлечно, убаво и модерно.
Светските ѕвезди во пролетни мантили » |
Топ 20 мантили за сечиј џеб » |
Кои јакни се во мода? » |
Едно парче, седум различни комбинации » |