Топ 18 модели на пролетни фустани кои можете да ги најдете на полиците во Страдивариус
Скокнавме до интернет продавницата на Страдивариус и од богатата пролетна колекција ги избравме најубавите фустани.
Овој познат шпански бренд станува се поважен играч во светот на хај-стрит модата, а тоа го покажаа и со нивната најнова колекција за пролет-лето 2017. Од лежерни и елегантни бели кошули-фустани кои со малку фантазија можете да ги носите во најразлични пригоди, се до фантастични кратки фустани порабени со тантела, Страдивариус овој пат многу вешто се поигрува со најактуелните трендови и ни нуди вистинска палета со неодоливи пролетни модели. Па така покрај безвременските класични нијанси како што се црната и белата на полиците на овој бренд ќе сретнете и неодоливи модели во најпопуларните бои – нежно розова и каки зелена, а што се однесува до кроевите и деталите во преден план се моделите со голи раменици и карнери како и моделите направени од кадифе.
Па погледнете го изборот на нашите модни уредници кои специјално за вас ги издвоија најубавите фустани во галеријата што следува.
види повеќе » |