Бевме, видовме и специјално за вас ги избравме најубавите
Пролетта ни е пред вратите, па решивме да скокнеме до продавниците на познатите дизајнерски и комерцијални брендови и да ги избереме најубавите цветни фустани. Овој дезен беше популарен и во зимскиот период, но со доаѓањето на првите топли денови цветните шари секога се меѓу најпосакуваните. Во овој период од годината голема предност е и тоа што можеме да ги носиме на голи нозе и со нив да направиме милион шик комбинации.
Затоа и решивме да скокнеме во продавниците и да ја разгледаме понудата на најпознатите дизајнерски брендови каде најдовме прекрасни модели што ги нудат Balenciaga, Victoria Beckham, Erdem, Diane Von Furstenberg, Michael Kors, Valentino.. но и познатите хај-стрит брендови како Mango, Topshop, Zara и бројни други.
Attico
Balenciaga
Diane Von Furstenberg
Erdem
Ganni
Gucci
H&M
H&M
Mango
Off-White
Oscar de la Renta