Оваа пролет девојките гордо ќе носат фризура како на нивните баби
Некогаш со оваа фризура се гордееле нашите баби, додека на повеќето девојки не им се допаѓала.
Некогаш со оваа фризура се гордееле нашите баби, додека на повеќето девојки не им се допаѓала. Но, како и сѐ друго, модата се менува и во светот на фризурата. Некогаш за косата важело правилото што повеќе локни, толку подобро.
Па, сега овој стил повторно е во тренд, колку и да ви звучи невообичаено и чудно. Што повеќе волумен, поситни локни и многу лак за коса – така изгледале некогашните фризури, а сега повторно се враќаат во мода, тврди фризерот Џорџ Папаниколас од Лос Анџелес.
Секако, сепак тоа ќе има малку и современ дух па локните може да бидат поопуштени. Па, ако имате и шишки и за нив локните се задолжителни.
Колкумина од вас со задоволство би го носеле овој тренд?