Реклама
Нега и здравје

5 Производи за убавина што никогаш не треба да ги споделувате

Реклама

Сите знаеме дека да се сподели нешто значи добрина и пријателство, но кога станува збор за вашата убавина да се биде себичен е најубавото нешто што може да го направите.

Значи, освен ако не сакате да фатите инфекција од стафилокок или да добиете херпес од пријателката (да, тоа всушност  и се случува), чувајте ги овие пет производи само за себе.

Маркетинг

ТЕГЛИЧКИ СО ЛОСИОН

Маркетинг

Не е за изненадување дека брцнувањето прсти во тегличката со крема е рецепт за бактерии, особено кога ќе воведете нов комплет раце. Отворените теглички веќе се изложени на поголем ризик од загадување бидејќи не се затвораат херметички, што значи бактериите и габичките често демнат во внатрешноста на тегличката. Со други зборови, дури и ако пријателката ги измие рацете пред да брцне во тегличката, сé уште има добри шанси да ги пренесе бактериите од лицето или прстите во вашата омилена крема. За да ја минимизирате контаминацијата на вашата следна тегличка, обидете се да префрлите мало количество во уште помала тегличка и мијте ја редовно.

СЈАЈ ЗА УСНИ

Сите сме виновни што набрзинка позајмуваме сјај за усни од пријателката во итни случаи (на голем одмор, на пример), но овој чин е поризичен отколку што се мисли, бидејќи секој производ, кој директно ги допира усните, може да стане извор на инфекции. Заразни организми, како вирусот што предизвикува херпес, може да живее во лепливиот сјај и да се шири од пријателка на пријателка. А бидејќи апликаторот е во затворена, влажна средина, тој никогаш не може целосно да се ослободи од микробите штом еднаш се заразил. Поента: Чувајте го сјајот за усни само за себе.

РИМЕЛ (МАСКАРА)

Ова не треба да ве шокира, но постои причина зошто маскарата е на листата ‘не споделувај’. Очните капаци и трепките се домаќини на бактерии, што може да ја направи маскарата извор на вируси кои предизвикуваат црвенило на очите, херпес симплекс и кератитис, воспаление на рожницата. Дури и ако очите на пријателката се сосема во ред, не давајте ја маскарата. Луѓето може и не се свесни дека имаат вирусна инфекција и подолго време откако се заразиле, што значи дека сè уште може да се инфицирате од некој кој нема никакви симптоми.
 
СУНЃЕРЧЕ ЗА ШМИНКАЊЕ

Поради својата мека, влажна и ​​порозна површина, овие ‘бебиња’ се едни од најголемите прекршители на нашата листа. Меките сунѓерчиња, особено кога мокри, создаваат средина поволна за квасец и бактерии, кои можат да доведат до габични инфекции  на лицето. Намалете го ризикот така што ќе го користите сунѓерчето само на чиста кожа, перете го неделно (задолжително!) со топла вода и нежен шампон и оставете го да се исуши во добро проветрен простор. И без оглед на тоа колку вашата најдобра пријателка сака да го тестира вашето ново ‘бебенце’, само речете ‘не’.

ЧУПАЛИЦА

Кубењето заскитано влакно од веѓите со чупалицата на пријателката може да не изгледа како голема работа, но споделувањето на оваа алатка за убавина може да ве стави на ризик од бактериски инфекции. Ако се појави некое крварење при повлекување на влакното од фоликулот, тоа може да ја контаминира чупалицата и да зарази некој друг кој ја користи. Ако веѓите ги средувате во салон за убавина, не заборавете да прашате како и кога последен пат е дезинфициран инструментот. Алкохолот може да биде корисен за бришење на чупалицата дома, но во салоните треба да се користат професионални средства за дезинфекција.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button