Реклама
Шминка

Топ производ на месецот – пудра за беспрекорен тен

Реклама

Нова пудра на нашиот пазар „Natural Fix All Day Matt Make Up“ од козметичкиот бренд „Radiant“ со која ќе имате беспрекорен тен.

Знаете како често ни велат дека секојдневното носењето пудра е штетна за вашето лице? Тоа не е точно доколку сте внимателни околу изборот на истата и информирање околу нејзините состојки, својства и карактеристики. Напротив, во ова динамично време каде воздухот е загаден, температурите се драстично и непредвидливо променливи и сонцето е штетно во секој период од годината, вистинската и квалитетна пудра треба да претставува бариера помеѓу надворешните влијанија и вашата кожа која дише преку порите и се впива како сунѓер.

Маркетинг

Кога ја бараме совршената пудра, бараме од неа да ни ги исполнува сите можни однапред одредени услови: да создава посебен, долготраен изглед, да покрива, да штити.. А јас како девојка со високи критериуми сум изненадена кога ќе најдам некоја што навистина ми се допаѓа и би ја користела секој ден и за секоја прилика, како и на себе па така и на моите клиенти.

Маркетинг

Кликни тука и избери ја твојата нијанса »

Кај оваа пудра најмногу ми се допаѓа високиот степен на покриеност, создава природен мат изглед кој трае низ целиот ден, а истовремено е лесна и не се чувствува нејзината присутност на кожата. Уште една причина повеќе зашто да ја одберав баш оваа пудра е заштита од сонце која ја нуди со својот заштитен фактор 15, одлична за сончевите денови кои доаѓаат оваа пролет.

Иако создава мат изглед, а тоа веднаш асоцира на сушење на кожата на лицето, сепак оваа пудра обезбедува интензивна хидратација која го регулира степенот на масност. Нејзината формула, која е дерматолошки тестирана, е комбинација на витаминот Е и ботаничка алтернатива на хиалурононска киселина, богата со полисахариди.

Кликни тука и види ја цената на овој производ »

Патем, недостатокот на хиалуронската киселина предизивкува губење на еластичноста на кожата и прерано создавање на брчки, а кој го посакува тоа?

Оваа пудра е идеална за сите типови на кожа, не е склона кон затворање на порите и создавање на акни или влушување на веќе постоечката состојбата на лицето. Не содржи парабени, што секогаш е добра вест со самиот факт дека преголемата изложеност на нив предизвикува хормонален дисбаланс и поголема склоност кон рак на дојките.

Доаѓа во 7 нијанси, во прекрасно стаклено шишенце со практична пумпа, совршена течност од 30мл и се наоѓа во нашите дрогерии, Јас се заљубив на прва употреба, топло ја препорачувам од сесрце и се надевам ќе ви се допадне. И за крај, доколку сакате да трае од утро пред работа, низ целиот напорен, работен ден па се до вечерта после излегување, комбинирајте ја со транспарентата основа и фиксирајте со спреј.

Дали ја имате пробано оваа пудра? Какви се вашите искуства и впечатоци од истата? Доколку одговорот е не, дали би сакале да ја пробате? Би ми било драго ако споделите подолу во делот за коментари. Се читаме во наредна прилика, имајте прекрасен ден!

Александра Азманова
Фото: А.А., Штипка

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button