Профитирајте од морската сол што ја имате дома !
Никогаш нема да ви текне дека морската сол може да ја употребите за да привлечете пари! Еве како:
Се верува дека неколку грама морска сол во вашиот паричник ќе привлечат богатство и среќа. Најдобро е солта да се стави во пластична кесичка, а потоа таа да се стави во тајна преграда во паричникот. Солта треба да се менува секој месец, во спротивно ја губи својата моќ. На овој начин не само што ќе привлечете пари во паричникот, туку, исто така, ќе спречите и преголем одлив од него!
Постојат и одредени верувања според кои треба да растурите морска сол во домот. За да привлечете среќа и богатство, потребно е да ставите малку морска сол во пластичен сад во секој агол на куќата/станот и да ја менувате на секои десет дена. А можете да бидете креативни и да употребите морска сол во боја !