Наши ѕвезди

Професорот Вело Марковси има причина за славење – пристигнуваат честитки, Евгенија докторираше!

Неговата сопруга стана доктор на науки

Advertisement

Евгенија Марковска сподели преубава вест…

Сопругата на проф. др. Вело Марковски, Евгенија Марковска, сподели фотографии со кои ги израдува своите следбеници.

Advertisement

Имено, таа се фотографираше со дипломата и откри дека ги завршила докторските студии и станала доктор на науки.

Инстаграм/ Евгенија Марковска

Таа објави фотографија и со сопругот кој гордо позираше покрај неа, а во позадината се гледа и насловот на докторскиот труд.

Advertisement

Евгенија за оваа пригода избра црни панталони и црно сако, а како изгледаше оваа горда мама, погледнете во продолжение.

Инстаграм/ Евгенија Марковска

Потсетуваме, Евгенија и Вело се заедно повеќе од 10-на години, а од нивниот брак имаат две деца, син и ќерка.

Инстаграм/ Евгенија Марковска

Поранешната манекенка и покрај обврските околу децата, успеа да го спреми и докторатот, а нејзина голема желба е еден ден да стане професор, што и самата го откри во едно интервју.

„Моментално сум студент на трет циклус студии. Заради обврските околу децата имам многу малку време за спремање на докторатот (само навечер кога ќе заспијат), но со многу труд и упорност се надевам дека за брзо време и пред моето име ќе стои титулата д-р (доктор на науки). Имам амбиции кога ќе завршам да работам како професор на факултет“, откри Евгенија во една пригода за Гламур.

Целото интервју со Евгенија прочитајте го тука.

Инстаграм/ Евгенија Марковска

Инстаграм/ Евгенија Марковска

Инстаграм/ Евгенија Марковска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button