Професорот од Битола направи лом во „Ѕвездите на Гранд“ – Цеца пресреќна, веднаш скокна и го гушна (видео)
Младиот пејач од Битола ги воодушеви сите, пејачката на Мили доживеа дебакл заради него...

Никола Зацески повторно ги воодушеви сите
Професорот по пеење од Македонија Никола Зацески (32) имаше уште еден генијален настап во „Ѕвездите на Гранд“.
Тој од жирито потполно заслужено доби максимален број на гласови, а славеше и Цеца која што Никола ја избра за менторка.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
По настапот Цеца излезе на сцената и го гушна својот кандидат презадоволна од тоа како тој се снајде на грандиозната сцена.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Од друга страна и Сара Бибиќ од тимот на Мили беше одлична, но таа освои еден глас помалку и сигурно место во баражот.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Ана Бекута беше воодушевена и од изборот на песните со кои Никола успеа да се пласира во петтиот круг, а Сања Вучиќ му порача дека на сцената изгледа шармантно и сугестивно, со што ја „купил“ на прва.
„Беше фантастичен. Неприкосновен“, му порача таа.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Никола доби аплауз и од Ѓорѓе Давид кој всушност и ја направи разликата во дуелот така што Сара ја остави без глас.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Инаку, токму Ѓорѓе сакаше Никола да биде во неговиот тим и го бранеше на неговиот прв настап кога тој доби три „паник“ копчиња.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Тогаш кон Никола најостра беше Марија Шерифовиќ која без влакна на јазикот го критикуваше за неговото пеење.
Таа во еден момент дури и му порача да ја фрли дипломата, а што сé друго му кажа на професорот тогаш, потсетете се тука.