Реклама
Вирално

Нема да ви се верува колку продолжени викенди не чекаат во 2020

Реклама

Ова е официјалната листа на празници за 2020.

Кога некој странец ќе ја видите листата со празници што не очекува за следната година ќе ни биде љубоморен. И навистина има причина за тоа бидејќи верувале или не, следната година не очекуваат дури девет продолжени викенди. А доколку паметно го комбинираме годишниот одмор и работодавачите „ни прогледаат низ прсти“, многу лесно ќе дојдеме и до бројка – ДЕСЕТ продолжени викенди.

Маркетинг

Имено, празниците се поврзуваат со викендите, и тоа следната година можеби како никогаш досега, а големо изненадување не чека уште првата недела по Нова година кога Бадник и Божиќ се паѓаат во понеделник и вторник и заедно со викендот не чекаат убави слободни четири дена.

Покрај овие слободни денови кога уште ќе бидеме под влијание на новогодишната еуфорија, посебно оние што ќе решат да ја спојат Нова година со овој продолжен викенд и ќе добијат мини одмор од цели СЕДУМ дена (односно ќе се вратат на работа после Божиќ), следната години речиси и сите други државни празници се паѓаат понеделник или петок.

Маркетинг

А верувајте не се малку…

Па доколку се прашувате кои се неработните денови во Македонија за следната 2020 година, специјално за вас ќе ви го претставиме календарот на државни и верски празници што ќе ги имаме следната година, а кој беше објавен во Сл. весник на РМ број 21/98 и 18/07.

Па погледнете како се празнува за да можете што подобро да го испланирате вашето слободно време за следната година.

За сите граѓани на РМ

01 јануари (среда), Нова Година | 07 јануари (вторник), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар | 20 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар | 01 мај (петок), Ден на трудот | 24 мај (недела) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден | 24 мај (мај), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден | 02 август (недела), Ден на Републиката, односно 03 август (понеделник) е неработен ден | 8 септември (вторник), Ден на независноста | 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден | 23 октомври (петок), Ден на Македонската Револуционерна Борба | 8 декември (вторник), “Св. Климент Охридски”,

За граѓаните од православна вероисповед

06 јануари (понеделник), Бадник, ден пред Божик | 19 јануари (недела), Богојавление (Водици) | 17 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден | 05 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден | 28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

13 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден | 01 ноември (недела), Празникот на сите светци | 25 декември (петок), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

31 Јули (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

22 ноември (недела), Ден на Албанската азбука,

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

27 јануари (понеделник), Свети Сава,

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

08 април (среда), Меѓународен ден на Ромите,

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

23 мај (сабота), Национален ден на Власите,

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

09 октомври (петок), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците,

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

21 декември (понеделник), Ден на настава на турски јазик.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button