Наскоро следува продолжен викенд – петок и понеделник неработни!
Погледнете ги сите неработни денови во Македонија

Петок 6 – ти април ќе биде следниот неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Македонија. Станува збор за Велики петок, а неработен ќе биде и вториот ден од Велигден, односно понеделник 9 – ти април што значи дека следуваат 4 споени неработни денови.
Во продолжение погледнете кои се сите неработни денови до крајот на годината:
За сите граѓани на РМ
• 09 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар
 • 01 мај (вторник), Ден на трудот,
 • 24 мај (четврток) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители
 • 15 јуни (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,
 • 02 август (четврток), Ден на Републиката
 • 8 септември (сабота), Ден на независноста
 • 11 октомври (четврток), Ден на народното востание,
 • 23 октомври (вторник), Ден на Македонската Револуционерна Борба,
 • 8 декември (сабота), “Св. Климент Охридски”
За граѓаните од православна вероисповед
• 06 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден
 • 25 мај (петок), Духовден, петок пред Духовден
 • 28 август (вторник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)
 За граѓаните од католичка вероисповед
 • 02 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден
 • 01 ноември (четврток), Празникот на сите светци
 • 25 декември (вторник), првиот ден на Божик
За граѓаните од муслиманска вероисповед
• 21 август (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам
 За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
 • 22 ноември (четврток), Ден на Албанската азбука
 За граѓаните припадници на српската заедница во РМ
 • 27 јануари (сабота), Свети Сава
 За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ
 • 08 април (недела), Меѓународен ден на Ромите
За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ
• 23 мај (среда), Национален ден на Власите
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
• 19 септември (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
• 28 септември (петок), Меѓународен ден на Бошњаците
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
• 21 декември (петок), Ден на настава на турски јазик
 


