Реклама
Бизнис

Продаваат стара куќа на Водно за 2.500.000 евра?! Оваа лукзусна вила во Италија чини далеку поевтино

Ем ќе си имаме луксузна вила, ем ќе ни останат 1.5 милиони евра - па кај го има тоа, нели?

Реклама

И тукушто помисливме дека сé имаме видено кога се во прашање новите високи цени, кога ете – оглас кој не извади од памет.

Имено, една агенција за недвижности од Македонија продава стара куќа на Водно (постар објект, како што пишува во огласот) со вкупна површина од околу 300 м2, за 2.5 милиони долари.

Да, добро прочитавте, но доколку ви изгледа нереална цената, оваа превисока сума е заради големиот двор.

Маркетинг

Како што пишува во огласот, куќата има дворна површина од околу 2700 метри квадратни, и всушност се продава самата локација, по сума од 900 евра за метар квадратен, додека куќата ја добивате гратис?!

Или барем така велат од агенцијата, кои во огласот напоменуваат дека куќата се наоѓа на топ локација на Водно.

Маркетинг

Фејсбук/ Кетрин Бах

Водно или Тоскана, прашањето е сега?!

Е сега како за споредба ќе наведеме една преубава вила во Тоскана, Италија, која верувале или не, се продава за само 995.000 евра, односно преку 1.5 милиони евра поевтино од онаа на Водно.

Станува збор за недвижнина од вкупно 258 метри квадратни стара 200 години, но која неодамна е целосно реновирана.

Тоа е класична камена куќа која се наоѓа во овој преубав дел од Италија, околу која има недопрена природа, а можат да се видат и елени. Во огласот пишува дека резиденцијата е опкружена со бавча од 2000 метри проследени со 11 хектари земја во кои еден мал ден има засадено маслинки, а има и лозје старо три години.

Фејсбук/ Кетрин Бах

Е сега, нема базен, ама може слободно да си го изградите со оние преостанати 1.5. милиони евра што ќе ги заштедите доколку ја пазарите оваа недвижнина во споредба со куќата на Водно.

Да, оваа камена куќа во Тоскана има дозвола за базен, за разлика од старата куќа на Водно која ниту е реновирана, ниту пак смеете да изградите друг понов објект.

Фејсбук/ Кетрин Бах

Куќата се продава со се што е во неа, а како изгледа може да видите од следните неколку фотографии.

Не е на Водно, ама затоа до најблискиот град е оддалечена 2 км и се наоѓа во непосредна близина на историските градови во Тоскана како што се Кјузи дела Верна, Попи, Арецо, Фиренца, Монтепулчано и Сиена, додека аеродромот Фиренца е оддалечен на еден час од ова место.

Фејсбук/ Кетрин Бах

Фејсбук/ Кетрин Бах

Фејсбук/ Кетрин Бах

Фејсбук/ Кетрин Бах

Фејсбук/ Кетрин Бах

Фејсбук/ Кетрин Бах

Па, која куќа попрво би ја избрале – онаа на Водно од 2.5 милиони евра или оваа во Тоскана која е повеќе од двојно поевтина.

Ние не би размислувале многу…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button