Реклама
Кафе муабет

Сакаше да биде манекенка, а го допре дното: „Кога сум гладна, ќе изедам само еден морков“

Реклама

На манекенката Елизабет Холанд (21) модната индустрија и порача дека мора да ослаби и да го намали обемот на телото доколку сака да успее во работата.

И кажале дека е дебела и дека мора „да се намали“.

Маркетинг

Елизабет е висока 1.75, а сознанијата дека ќе мора и понатаму да слабее и да се намалува ја донесоа на границата на самоубиство. Сепак, таа реши да се справи со проблемот и јавно да позборува за суровите стандарди кои модната индустрија ги наметнува на моделите.

Таа неодамна сподели статус на Фејсбук кој беше споделен преку 1000 пати. „Тие ми кажаа дека колковите ми се големи и дека морам да ги намалам. Висока сум 1.75 сантиметри, но тие сметаат дека морам да бидам пониска. За жал, паднав, се најдов помеѓу девојките на кои им кажаа дека не се доволно слаби. Не бев доволно добра за нив. Никогаш не бев доволно добра за самата себеси, а тоа ме доведе до нездрав однос кон храната и до депресија. Ми ја одземаа самопочитта и самодовербата, а тоа влијае и на моето семејство, односи, работа…“, вели Елизабет.

Маркетинг

„Тие ме натераа да се чувствувам лошо и да се чувствувам како да не сум доволно добра за себе, но и за луѓето околу мене, што ме доведе до тоа да се обидам да си го одземам животот“, напиша моделот на нејзиниот профил на социјалната мрежа фејсбук. Таа исто така откри и дека пробала екстремни диети за да стане тенка и слаба – внесувала само мали количества храна, како ореви и семки, а избегнувала дури и овошје и сокови.

Таа раскажува дека секој ден поминувала часови и часови во теретана а ужината и се состоела од домати. На крајот, сето тоа довело до пореметување во исхраната, но и до депресија. Потоа пак се пријавила во една модна агенција, но и тие и кажале дека е преголема. „Тие ме доведоа до ситуација да заклучам дека треба да престанам да јадам. Кога се чувствувам лошо, јас ќе изедам само еден морков. Многу често прибегнував кон цигарите надевајќи се дека ќе ми ја уништат желбата за храна. Постојано плачев“.

Тогаш нејзината мајка Џејн ги преземала работите во свои раце – напишала писмо до владата за проблемите со кои се соочува нејзината ќерка, но и проблемите кои владеат во модната индустрија. За својата одлука да остане во модната индустрија Елизабет вели: „Факт е дека понекогаш се чувствувате многу добро, но потоа ќе паднете и силно ќе ударите на подот. Сакам уште некое време да се занимавам со манекенство, но поради цената што ја плаќам поради тоа што сум дебела и безвредна – мислам дека повеќе не вреди! Сакам да им бидам пример на младите девојки“, напиша таа.

Сите тие девојки кои ги гледате на социјалните мрежи со затегнати стомаци, тенки колкови, слаби бутови, бисерни заби, сјајна коса, а во рацете држат чизбургери – па тоа не е реално… Имам слушнато многу приказни за тоа колку тие девојки се всушност несреќни во животот и тоа е многу болно да се слушне“, напиша Елизабет.

Но,  и покрај проблемите со кои се соочуваат илјадници девојки, по се изгледа дека модната индустрија ништо од ова не ја интересира – таа повторно си тера по свое.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button