Страшна вистина за херпесот: Еве што може овој вирус да му направи на мозокот
Иако се чини дека е безопасен откако ќе го преболите, херпесот засекогаш останува во човечкото тело откако еднаш ќе влезе.
Ако некогаш сте имале варичела, мононуклеоза или рана на усните за тоа можете да го обвините и вирусот херпес. Иако се чини безопасен бидејќи брзо ќе го прележите, херпесот засекогаш останува во човечкото тело кога во него ќе се појави, а тоа навистина е страшен факт.
Повторно се активира во облик на други болести
А она што уште повеќе застрашува е фактот дека во некои случаи може да предизвика и оштетување на мозокот. Ана Ротшилд од Gross Scienc објаснува дека херпесот во телото најчесто е во латентна фаза, односно во некој вид хибернација каде притаено чека кога ќе нападне.
Најчесто „спие“ во неуроните а подоцна во животот може повторно да се активира во облик на други болести кога имунитетот ќе ви ослаби. Ако вирусот херпес случајно дојде до мозокот, може да предизвика низа оштетувања па дури и смрт.
{youtube}PEIVtXY39NM{/youtube}