Наши ѕвезди

Наташа Беквалац е во големи проблеми и поради парите што ги должи нејзиниот сопруг

Advertisement

На Наташа постојано и се јавувале за да го врати големиот долг што го направил нејзиниот сопруг Лука Лазукиќ.

Advertisement

Откако се појавија вестите за семејното насилство во домот на Наташа Беквалац јавноста е згрозена од постапките на нејзиниот сопруг, а следуваа и нови информации. Имено, нивните проблеми во бракот започнале и пред Наташа да ги види љубовните пораки во неговиот телефон и тоа поради неговиот преголем долг.

Како што пренесуваат медиумите, Лука должи околу 50.000 евра на одреден круг на луѓе кои не сакаа да ги чекаат парите па секојдневно го притискаа. Но бидејќи тој не може да ги врати парите, набргу почнале да се јавуваат и кај Наташа која беше вознемирена поради ова и не знаеше што и се случува. Според српските медиуми, кога Наташа прв пат дознала за овие долгови, Лука си заминал кај неговите родители бидејќи не сакал со неа да разговара на оваа тема. Но набргу ги средиле односните, а како што пишува Блиц тоа не било прв пат Лука и Наташа да се расправаат за пари. Тие и претходно се имаат карано заради пари, кога Лука без да ја праша земал од нејзините пари и ги дал на некој свој пријател кој подоцна заминал во странство и не му ги вратил.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button